30/05/2026
➡️ Од кога испадна веста дека Слот заминува и од кога сѐ повеќе почна да се пишува дека Ираола е главен кандидат да го наследи во Ливерпул, иако до некаде го знам стилот на фудбал што го практикува Ираола поради тоа што нон-стоп следиме Премиер лига, сепак одлучив подетално да изгуглам изјави на аналитичари, да изгледам неколку YouTube видеа, па дури и малку да си „поразговарам“ со AI, со цел подобро да го запознаам неговиот фудбал.
➡️ Искрено, јас лично по заминувањето на Слот не бев за некој недокажан тренер во толку голем клуб како Ливерпул. Сепак, голем дел од тоа што го знам и го најдов е позитивно и ме радува.
➡️ Она што најмногу го издвојува Ираола е неговиот агресивен пресинг. Неговите екипи играат со огромен интензитет, постојано ја напаѓаат топката и се обидуваат да ја освојат што е можно поблиску до противничкиот гол. Не сака бавен фудбал и бесконечен посед на топка, туку брз, вертикален и директен напад.
Велат по стил, најмногу наликува на Марсело Биелса. Всушност, многумина го сметаат за еден вид модерен наследник на неговата фудбалска филозофија. Во неговата игра има и многу елементи од Јирген Клоп, особено во делот на gegenpressing-от иле хеви металот, каде тимот веднаш по загубена топка тргнува во агресивен напад за повторно освојување на поседот. Некои аналитичари дури велат дека неговиот фудбал е комбинација од интензитетот на Биелса и организираниот пресинг на Клоп.
Она што дополнително ми се допаѓа е што не се плаши да напаѓа без разлика против кого игра. Не излегува на терен само да се брани и да преживее, туку да го наметне својот ритам и да го натера противникот да игра според негови правила. Таквиот пристап отсекогаш бил близок до ДНК-та на Ливерпул.
➡️ Е сега, дали Ираола ги има или ќе ги има вистинските играчи за таков стил и дали ќе успее со својот авторитет на овие играчи да им го наметне тој начин на игра, ќе покаже времето. Се надевам дека ДА.
Само знам дека ние како фанови, ширум светот, треба да му дадеме безрезервна поддршка уште од првиот ден. Нормално, доколку тој биде новиот тренер на Ливерпул 🔴