23/05/2026
Бронза за крај – Пелистер ја доби мајсторката со ТФТ
Кошаркарите на Пелистер го освоија третото место за сезоната 2025/26 во кошаркарскиот шампионат на Македонија откако славеа со 86-90 на денешната мајсторка на гостински терен против ТФТ, за 2-1 во победи во оваа плејоф-серија. „Пелистерци“ на овој дуел беа дополнително ослабени со неиграњето на Брејси Дејвис, но сите останати покажаа и карактер и квалитет, давајќи свој придонес да се стигне до посакуваниот триумф.
Малешевиќ ја отвори мајсторката со тројка, по што Пелистер набрзина поведе со 2-7 со поените на Џенкинс. „Зелено-белите“ имаа целосна контрола над резултатот во првата четвртина, водеа со 6-12, потоа и со 15-23 по реализацијата на Крстевски, истиот кошаркар погоди тројка за 19-28, за првиот период сепак да заврши со 22-28 по тројката што за домашниот тим ја постигна Зафиров.
ТФТ успеа да се врати во вториот период, па по израмнувањето на 36-36 тренерот Даскаловски беше принуден да побара тајмаут во 16 минута од натпреварот. „Пелистерци“ се мачеа во нападот, но Стајиќ погоди две важни тројки и на одмор се замина со израмнети 44-44.
ТФТ отвори со водство од 50-44, но Пелистер набрзо се консолидираше, се врати резултатски, а потоа и повторно ја презеде контролата поведувајќи со 53-61 со серијата поени на Вилсон. Пелистер имаше и 53-65, но повторно краток период на невнимание му овозможи на домаќинот да се приближи на 61-65, за нов тајмаут на Даскаловски. Кризата во нападот продолжи, Пелистер не постигна ниту поен во последните три минути од третата четвртина, па во последниот период се влезе со 61-65 за битолскиот клуб.
*целиот извештај прочитајте го на линкот во био!