Ski Club Pelister

Ski Club Pelister Ски Клуб Пелистер е еден од најстарите и најтрофејни скијачки клубови во Македонија.

Ски Клуб Пелистер е еден од најстарите и најтрофејни скијачки клубови во Македонија, член на Македонската скијачка федерација. СК Пелистер има дадено во минатото неколку олимпјици во алпско скијање кои ја претставувале Македонија.
Целта на СК Пелистер е унапредување на натпреварувањата во скијање како спорт и промоција на скијачките натпревари воопшто. Со своето делување сакаме да го поттикниме с

кијањето како спорт како и да се пренесат искуствата стекнати во скијањето на помладите генерации. Ski Club Pelister is one of the oldest and the most award winning clubs in Macedonia, a member of the Macedonian Ski Federation. SC Pelister has trained several Olympians representing Macedonia in the past. SC Pelister aims at improvement of the ski racing as sport and promotion of ski racing in general. Through our work, we would like to stimulate skiing as sport as well as transfer experiences gained in skiing to the younger generations.

🎿Упис на нови членови во Скијачки клуб Пелистер🎿-Скијачкиот клуб Пелистер врши упис на нови деца кои сакаат да станат де...
05/05/2026

🎿Упис на нови членови во Скијачки клуб Пелистер🎿

-Скијачкиот клуб Пелистер врши упис на нови деца кои сакаат да станат дел од нашиот тим и да ја започнат својата скијачка авантура! ❄️

-Доколку вашето дете има желба да се натпреварува, да тренира, да се дружи, да развива спортски дух и да поминува време во природа – ова е вистинската можност да се приклучи на нашата програма која вклучува:
✔️Дружење, дисциплина и здрав начин на живот!
✔️Летна програма за кондициони тренинзи (подготовка за зимската сезона).
✔️ Подготовки на снег пред почетокот на сезоната.
✔️ Тренинзи во текот на зимската сезона.
✔️ Учество на домашни и меѓународни натпревари.

Нашата цел е развој на спортски дух, дисциплина и љубов кон скијањето, под водство на искусни и лиценцирани тренери.

📅 Уписите се отворени до почетокот на месец Јуни!

За повеќе информации и пријавување:
📞075 673 652
📞070 201 131
📩 Порака во инбокс
📩 contact@scpelister@hotmail.com

Станете дел од нашето скијачко семејство и заедно да создаваме нови шампиони!
Скијачки клуб Пелистер🍀💚

Оваа сезона максимално го користиме секој момент, ден поминат на снег. Со голема посветеност и мотивираност продолжуваме...
13/03/2026

Оваа сезона максимално го користиме секој момент, ден поминат на снег. Со голема посветеност и мотивираност продолжуваме со квалитетни тренинзи на Кајмакчалан во Грција, каде што работиме на подобрување на формата и подготвеноста, а мотивацијата е на највисоко ниво! 💪⛷️
Утре нашиот натпреварувач Јаков Мицевски ќе настапи на меѓународна трка во Грција. Му посакуваме среќа и успешен настап! 🇲🇰

🇲🇰 Нашата Eva Milevska овие денови има можност да ја покаже македонската храброст на најбрзите патеки на Светското јунио...
06/03/2026

🇲🇰 Нашата Eva Milevska овие денови има можност да ја покаже македонската храброст на најбрзите патеки на Светското јуниорско првенство во алпско скијање во Норвешка.

Далеку на север, во Нарвик, над фјордовите се одржува Светското јуниорско првенство во алпско скијање до 21 година, едно од најважните натпреварувања во календарот на FIS за млади скијачи. Ова престижно натпреварување ги собира најдобрите млади таленти од целиот свет, а меѓу нив е и македонската скијачка Ева Милевска, која со поддршка на Скијачка федерација на Македонија - Ski federation of Macedonia го носи македонското знаме на големата меѓународна сцена.

Ева е единствената скијачка од Балканот што настапува во брзите дисциплини: спуст и супервелеслалом, дисциплини кои важат за најопасни и најпредизвикувачки во алпското скијање. Патеките во Нарвик се долги и технички исклучително тешки, со големи висински разлики, скокови, компресии и брзини што надминуваат 100 km/h.

🇲🇰 Среќно, Ева!

Во изминатите два дена во Маврово се одржаа натпреварите од Алпскиот куп на Македонија и Државното првенство за деца од ...
01/03/2026

Во изминатите два дена во Маврово се одржаа натпреварите од Алпскиот куп на Македонија и Државното првенство за деца од 8 до 16 години, во дисциплините слалом и велеслалом. ⛷️

Горди сме на нашите млади скијачи и нивните одлични настапи:

🎉 Ирина Каравилоска (U8) – својот роденден го прослави на најубав можен начин, со две сребрени медали!

💪 Мартин Талевски (U10) – освои две 4. место, а едната трка храбро ја заврши со само едно стапче.

👏 Софија Каравилоска (U10) – двапати 7. место.

🏁 Антони Костов (U12) – 7. и 8. место.

⛷️ Јаков Мицевски (U16) – не ја заврши трката (DNF).

Честитки до сите натпреварувачи за борбеноста, трудот и спортскиот дух! 🍀

❄️Изминатиот викенд настапивме на меѓународен натпревар на Копаоник, Република Србија🇷🇸-(Горски Куп 2026).Временските ус...
23/02/2026

❄️Изминатиот викенд настапивме на меѓународен натпревар на Копаоник, Република Србија🇷🇸-(Горски Куп 2026).
Временските услови беа многу лоши – густа магла и силен ветер, поради што дел од трките беа откажани.

❄️ Во велеслалом нашите натпреварувачи ги постигнаа следните резултати:
Категорија У8 женски:
⛷️Ирина Каравилоска од вкупно 12, го освои 8-мо место.
Категорија У10 женски:
⛷️Софија Каравилоска од вкупно 19 го освои 8-мо место.
Категорија У12 машки:
⛷️Антони Костов од вкупно 30, го освои 12-то место.
Категорија У16 машки:
⛷️Јаков Мицевски од вкупно 42, го освои 18-то место. Во дисциплината слалом за жал не успеа да ја заврши трката.

За жал, Мартин Талевски не успеа да ја заврши трката.

❄️И покрај тешките временски услови, горди сме на прикажаните резултати и на борбеноста на сите наши натпреварувачи.💪
❄️Ова искуство претставува дополнителна мотивација за понатамошна работа и нови успеси.

🥉Јаков Мицевски, денес на трка во слалом во Попова Шапка го освои третото место во категорија U16. 🍀 Продолжуваме утре с...
07/02/2026

🥉Јаков Мицевски, денес на трка во слалом во Попова Шапка го освои третото место во категорија U16.

🍀 Продолжуваме утре со натпреварите во велеслалом во сите категории.

Уште еден успешен натпреварувачки викенд!!!Овој викенд повторно учествувавме на натпревар од Алпскиот куп – дисциплина в...
01/02/2026

Уште еден успешен натпреварувачки викенд!!!

Овој викенд повторно учествувавме на натпревар од Алпскиот куп – дисциплина велеслалом, одржан на Попова Шапка, но во споредба со претходниот настап, овојпат резултатите се подобрени со уште плус две освоени медали, што претставува јасен показател за континуиран напредок.

Нашите млади натпреварувачи ги постигнаа следните резултати:
Категорија U8 – жени
🥇 Каравилоска Ирина – 1во место
Категорија U10 – жени
🥉Каравилоска Софија – 3то место
Категорија U10 – мажи
🥉 Талевски Мартин – 3то место
Категорија U12 – мажи
⛷️Костов Антони – 7мо место
Категорија U16 – мажи
🥉Мицевски Јаков – 3то место

Со ова продолжуваме понатаму со јасна цел – понатамошен развој, континуирано унапредување и постигнување уште подобри резултати на претстојните натпревари.

Викенд исполнет со адреналин и гордост! ⛷️❄️Учество на Алпски куп – дисциплина велеслалом, на Попова Шапка 🏔️Нашите млад...
24/01/2026

Викенд исполнет со адреналин и гордост! ⛷️❄️
Учество на Алпски куп – дисциплина велеслалом, на Попова Шапка 🏔️

Нашите млади натпреварувачи постигнаа одлични резултати:
Категорија U8 ж:
🥇 Каравилоска Ирина – 1во место
Категорија U10 ж:
⛷️ Каравилоска Софија – 4то место
Категорија U10 м:
🥈 Талевски Мартин – 2ро место
Категорија U12 м:
⛷️Костов Антони – 5то место
Катргорија U16 м:
⛷️Мицевски Јаков – 4то место

❄️Честитки за трудот, борбеноста и спортскиот дух, како и благодарност до тренерите Марјан Нашоку и Дамјан Неделковски ! 👏
❄️Продолжуваме понатаму со уште поголема мотивација за подобри резултати!

Ева Милевска продолжува токму таму каде што застана пред две години.На истата стаза во 🇮🇹 Кортина д’Ампецо, по тешка пов...
18/01/2026

Ева Милевска продолжува токму таму каде што застана пред две години.

На истата стаза во 🇮🇹 Кортина д’Ампецо, по тешка повреда, таа се врати уште посилна.

98 ФИС поени во спуст и
107 ФИС поени во супервелеслалом.

Овие резултати се нејзин личен рекорд, но и нов македонски рекорд во женското алпско скијање во спуст и супервелеслаом 🇲🇰⛷️

Сезоната е во полн ек и Ева продолжува истрајно и храбро 💪❄️

❄️Тренинг велеслалом⛷️
16/01/2026

❄️Тренинг велеслалом⛷️

Не чекаме снегот да дојде, одиме таму каде што е ❄️⛷️
14/01/2026

Не чекаме снегот да дојде, одиме таму каде што е ❄️⛷️

Address

Bitol
7000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ski Club Pelister posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Ski Club Pelister:

Share