09/06/2026
Популарната ГАРД ИГРА во Џиуџицу каде противникот се повлекува во гард(нозете во Џиуџицу 🥋)и од таму почнува да се руши неговата стабилност и рамнотежа за да може да се дојде преку одредени техники до доминантна позиција од каде може да се работи полуга или гушење.
Вештина на играње на гард (Bottom) кај нашите најмали натпреварувачи развиваме уште од најмала возраст за да знаат кога се борат со потешки, повозрасни и физички посилни противници да бидат во ситуација да излезат како победници бидејќи ако се спротистават со сила на силата секогаш ќе бидат поразени,ако сакаат да се борат со тежина исто така ,но ако научат добро да работат гард тогаш имаат реални шанси во многу борби да излезат како победници.
Во светот на боречки вештини и спортови Бразилска ЏИУЏИЦУ е на прво место 🏆 да се развие сериозна техника и се совладаат сите вештини и техники кои се нејзин составен дел ,а за тоа јасно говори истражување на chatgpt која ја номинира БРАЗИЛСКА ЏИУЏИЦУ 🇧🇷 како најтешка технички вештина која се совладува и од тој аспект не случајно е споредена со шахот ♟️и за сега многу добро што не е олимписки спорт и е своја УМЕТНОСТ бидејќи ако дојде до тоа на се ќе личи само на ВЕШТИНА нема 🥷🏼