Спортска Академија Феникс АМС

Спортска Академија Феникс АМС Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Спортска Академија Феникс АМС, Sport & recreation, Bitol.

Нашата цел и мисија е да овозможиме високостручна и ефикасна консалтинг услуга и квалитетна дополнителна спортска едукација кои во суштина ќе го олеснат функционирањето на нашите клиенти и истовремено ќе ги поттикнат нивните интереси и способности. Непосредниот пријателски однос, но и посветеноста на консултантите, менторите и стручните соработници се јадрото на успехот на работењето на Спортскат

а Академија Феникс АМС. Наш вистински предизвик е да останеме силна алка помеѓу потребите на нашите клиенти и нивното правилното и успешно функционирање. Квалитетните програми за дополнителна спортска едукација и високостручни и наменски обуки, како и методите и средствата за изведување на консултантскиот процес кои се во согласност со современите научни достигнувања, овозможуваат подигнување на нивото на компетенции кај нашите клиенти, како основа за непречен развој на актуелните активности и солидна можност за започнување на нови.
Фактите покажуваат дека сме веројатно најпосакувана организација во регионот, токму поради тоа што на нашите клиенти им го обезбедуваме се’ она што им е потребно за успешно индивидуално и организациско функционирање. Ние сме таму и тогаш кога сме им најпотребни – нашите пристап и јазик се оние кои тие најдобро ги разбираат.
Спортската Академија Феникс АМС се прилагодува кон потребите за практичност и постојано иновирање на спортскиот консалтинг и едукативниот процес. Практичноста и конкретноста во обуките и дополнителната спортска едукација кои ги обезбедуваме за секој наш клиент се нашата најголема предност.
Ние сме целосно насочени кон нашите клиенти и инсистираме на квалитет, практичност и доследност во спроведувањето на договореното. Сериозно сме посветени на сите клиенти и на секој наш клиент пооделно. Свесни сме за нашите досегашни постигнувања, но и за она што треба да го направиме за да влеземе во друштво на признатите и познати светски институции во полето на бизнисот. Гаранција дека ќе успееме во тоа се нашите целосно посветени консултанти и ментори.
Ние сме одговорна организација која ќе им излезе во пресрет на сите потреби на нашите клиенти и нивниот персонален развој.

Address

Bitol
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Спортска Академија Феникс АМС posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Спортска Академија Феникс АМС:

Shortcuts

Share