Plivachki Klub "Vardar", Swimming Club "Vardar"

Plivachki Klub "Vardar", Swimming Club "Vardar" ПК Вардар е еден од најдобрите и најстарите клубови со задржан квалитет од 1971 година.Вршиме упис на деца од сите годишта.

🏊‍♂️🔴⚫ ПК Вардар минатиот викенд настапи на пливачкиот натпревар Орион куп '26 организиран од ПВК Орион.Натпреварот беше...
28/05/2026

🏊‍♂️🔴⚫ ПК Вардар минатиот викенд настапи на пливачкиот натпревар Орион куп '26 организиран од ПВК Орион.

Натпреварот беше одлична можност да се провери моменталната подготвеност на нашите пливачи пред претстојното национално првенство.

Нашите пливачи остварија повеќе одлични настапи:
🏅 дел освоија медали,
⏱️ многумина ги подобрија своите лични најдобри времиња,
👏 а за некои ова беше и прв настап на официјален натпревар.

Ваквите натпревари се важен дел од развојот на младите пливачи, стекнувањето натпреварувачко искуство и градењето самодоверба.

Честитки до организаторот ПВК ОРИОН за 12-та успешна реализација на натпреварот и спортската атмосфера.

Продолжуваме понатаму со подготовки и фокус кон претстојните предизвици. 💪🌊

#ПКВардар #Пливање #МладиПливачи #Натпреварување

12/04/2026
🏊‍♂️ ПК Вардар на 20-ти Делфин Куп 🔴⚫Овој викенд учествувавме на 20-тиот Делфин Куп, во организација на Пливачки клуб Де...
30/03/2026

🏊‍♂️ ПК Вардар на 20-ти Делфин Куп 🔴⚫

Овој викенд учествувавме на 20-тиот Делфин Куп, во организација на Пливачки клуб Делфин натпревар кој со години гради препознатлив квалитет, сериозност и високо спортско ниво.

Искрени честитки до организаторот за одличната реализација и за континуитетот што веќе 20 години успешно го одржува овој натпревар како важен дел од пливачкиот календар. 👏

Пк Вардар настапи со мотивиран состав, при што имавме повеќе наградени пливачи, како и натпреварувачи кои сè појасно се издвојуваат со посериозни резултати и стабилен натпреварувачки напредок. 🏅

Продолжуваме посветено, чекор по чекор, кон уште повисоко ниво. 💪🌊

#ПКВардар #Пливање #МладиПливачи #НатпреварувачкиДух #ПливачкиКлубДелфин

12/03/2026

Научи да пливаш во најтрофејниот клуб

ПК Вардар е еден од најдобрите и најстарите клубови со задржан квалитет од 1971 година.Вршиме упис на деца од сите годишта.

🏊‍♂️ ПК Вардар на Нептун Куп 2026 🔴⚫Овој викенд го започнавме натпреварувачкиот календар за 2026 година со настап на Неп...
01/03/2026

🏊‍♂️ ПК Вардар на Нептун Куп 2026 🔴⚫
Овој викенд го започнавме натпреварувачкиот календар за 2026 година со настап на Нептун Куп 2026 во Скопје.
Нашите пливачи остварија одлични резултати, а најважно од сè – сите ги подобрија своите лични рекорди и ја покажаа посветеноста и напредокот од тренинг во тренинг. 💪
Голема благодарност до ПК Нептун за одличната организација и успешната реализација на натпреварот. 👏
Продолжуваме мотивирани кон нови предизвици и успеси! 🌊
#ПКВардар #Пливање #ЛичниРекорди #ТимскиДух

ПК Вардар дел од Talent Cup 2025!   Во неделата, на 28.12. настапивме на Talent Cup 2025, најголемиот новогодишен пливач...
29/12/2025

ПК Вардар дел од Talent Cup 2025! Во неделата, на 28.12. настапивме на Talent Cup 2025, најголемиот новогодишен пливачки настан, организиран од Aqua Pro натпревар исполнет со трки, дружење и вистинска празнична атмосфера, кој уште еднаш ја покажа убавината на пливањето како спорт. Ова е и последниот натпревар за 2025 година, со што ја заокружуваме сезоната на најубав можен начин – со младински ентузијазам, напредок и насмевки. Денеска посебно ја издвојуваме Ива, која започна да плива пред помалку од една година, а веќе покажува одличен напредок и охрабрувачки резултати освојувајќи една медала. Ваквите приказни се нашата најголема мотивација и доказ дека со посветеност и континуирана работа – резултатите доаѓаат. Исто така го истакнуваме и Горјан Тороманоски кој се закити со 3(три) медали. Честитки до организаторот за одличната организација и празничниот дух!!! Продолжуваме понатаму – со уште повеќе мотивација и јасна визија за 2026! #ПКВардар #Пливање #МладиТаленти #НовогодишенНатпревар

Викендов што измина учествувавме на Зимското национално првенство, каде што нашите пливачи уште еднаш покажаа дека работ...
16/12/2025

Викендов што измина учествувавме на Зимското национално првенство, каде што нашите пливачи уште еднаш покажаа дека работата дава резултати. Сите настапија одлично, ги подобрија своите лични рекорди и се испробаа во нови дисциплини, стекнувајќи драгоцено натпреварувачко искуство.

Полека, но сигурно, создаваме вистински пливачи, градиме дисциплина, самодоверба и натпреварувачки дух, и напредуваме кон посериозен и повисок натпреварувачки ранг. Овој настап е уште еден доказ дека сме на вистинскиот пат.

Годината ја заокружуваме со позитивна енергија, мотивирани спортисти и јасна визија за напредок.

🏊‍♂️ ПК Вардар 🔴⚫ продолжува понатаму – посилни и пофокусирани. 💪

#ПКВардар #Пливање #ГрадењеШампиони #НатпреварувачкиДух #ЛиченНапредок

🏊‍♂️ ПК Вардар на Скопје Опен 2025! 🏆Овој викенд настапивме на Скопје Опен 2025, еден од најквалитетните натпревари во р...
02/12/2025

🏊‍♂️ ПК Вардар на Скопје Опен 2025! 🏆

Овој викенд настапивме на Скопје Опен 2025, еден од најквалитетните натпревари во регионот, и во поглед на организација и во поглед на конкурентност на пливачите. 👏

Имавме одлична можност да ги подобриме нашите времиња, да се натпреваруваме со врвни пливачи и да стекнеме важно искуство за понатамошен спортски развој. 💪

Голема благодарност до Пливачки клуб Скопје за извонредната организација и можноста за учество. 👏

Браво ВАРДАРЦИ – пливаме напред! 🔴⚫🌊

#ПКВардар #Пливање #ПливачкиНатпревар #Спорт #МладиСпортисти

Address

Скопје

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Plivachki Klub "Vardar", Swimming Club "Vardar" posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Plivachki Klub "Vardar", Swimming Club "Vardar":

Shortcuts

Share

Category