Боречка Федерација на Северна Македонија

Боречка Федерација на Северна Македонија Официјална страна на Боречка Федерација на Македонија

Нашите двајца репрезентативци Марио и Лука Ананиеви се на подготовки во Киргистан, кои влегуваат во завршна фаза. Станув...
04/05/2026

Нашите двајца репрезентативци Марио и Лука Ананиеви се на подготовки во Киргистан, кои влегуваат во завршна фаза. Станува збор за интензивен тренажен процес што трае повеќе од 30 дена, како дел од подготовките за претстојното Европско првенство.

Во овој период, фокусот е ставен на подигнување на физичката форма, техничко-тактичката подготвеност и адаптација кон силна меѓународна конкуренција, со цел што подобро претставување на големото натпреварување.

Македонските репрезентативци во борење ги привршуваат финалните подготовки пред настапот на Европското првенство за возр...
04/05/2026

Македонските репрезентативци во борење ги привршуваат финалните подготовки пред настапот на Европското првенство за возрасните категории U15 и U17. Тренажниот процес се реализира во Софија, Бугарија, каде што младите борачи работат на подигнување на формата и тактичката подготвеност пред големиот предизвик.

Континенталниот шампионат ќе се одржи во Самоков, Бугарија, собирајќи ги најдобрите млади натпреварувачи од Европа. Очекувањата се насочени кон достојно претставување и постигнување значајни резултати на меѓународната сцена.

Дел од составот кој учествува во подготовките се:

Заим Заими;
Абдулазиз Азизи;
Илхан Муртези;
Зоран Шоров;

под водство на тренерот Јасин Реџелари.

Расул Шапиев, Могамед Ибрагимов и Абаз Емини во Тирана, Албанија на Европско Првенство за сениори!
25/04/2026

Расул Шапиев, Могамед Ибрагимов и Абаз Емини во Тирана, Албанија на Европско Првенство за сениори!

Шапиев ќе се бори за Бронза! Нуров со одличен старт! 🇲🇰На Европското Првенство за Сениори во Тирана, Шапиев по убедлива ...
25/04/2026

Шапиев ќе се бори за Бронза! Нуров со одличен старт! 🇲🇰

На Европското Првенство за Сениори во Тирана, Шапиев по убедлива победа над Грузиецот, ќе се бори за Бронза со репрезентативецот на Азербеџан! 🇦🇿

Нуров одлично стартува денес со победа над Молдавецот и продолжува напред во наредното коло!🇲🇩

🤼‍♀️Вероника Консевич по голема борба не успеа да стигне до медал и го заврши настапот на 5-то место на Сениорско Европс...
23/04/2026

🤼‍♀️Вероника Консевич по голема борба не успеа да стигне до медал и го заврши настапот на 5-то место на Сениорско Европско Првенство во Тирана, Албанија. Достојно претставување и значаен резултат на европската сцена.

Честитки👏

🇲🇰За прв пат во историјата девојка во борба за медал!🤼‍♀️За прв пат во историјата на Македонското Борење нашата репрезен...
23/04/2026

🇲🇰За прв пат во историјата девојка во борба за медал!

🤼‍♀️За прв пат во историјата на Македонското Борење нашата репрезентативка Вероника Консевич ќе настапи во мини финалето на Европското Сениорско Првенство!

✅И посакуваме многу среќа на нашата Вероника и успешна борба за Бронзен медал!

Македонската Боречка Федерација е успешно активна и во судискиот сегмент! ‼️Освен со бројните медали освоени викендов и ...
19/04/2026

Македонската Боречка Федерација е успешно активна и во судискиот сегмент! ‼️

Освен со бројните медали освоени викендов и тоа на две Меѓународни првенства во Грција и Романија, Боречката Федерација на Македонија се гордее и со три судии со Меѓународна Категорија на двете првенства.

Во Романија судеше нашиот највисоко рангиран судија Даниел Илиев со 1ва категорија.
Паралелно на тоа, во Грција судеа Гоце Ангелов и Игор Христов - двајцата со 2ра категорија.

🇲🇰Македонската Боречка Федерација станува се по влијателна како на Балканот така и во Европа!

Добри вести и од Грција! 🇬🇷Нашите натпреварувачи остварија одлични резултати и освоија:🥇 Anuar Xhemaili – 41 кг;🥇 Zaim Z...
19/04/2026

Добри вести и од Грција! 🇬🇷

Нашите натпреварувачи остварија одлични резултати и освоија:

🥇 Anuar Xhemaili – 41 кг;
🥇 Zaim Zaimi – 44 кг;
🥇 AbdulAziz Azizi – 62 кг;
🥈 Matej Trajkovski – 68 кг;
🥉 Endrit Sulejmani – 41 кг;

🏆 Екипно освоено 3 место, после Молдавија на првата позиција и Грција на втората позиција.

✅Репрезентацијата беше предводена од тренерите Јасин Реџелари, Убејд Фуга и team leader Ахмед Адеми.

Овој резултат претставува голем мотив пред претстојното Европско првенство. Браво за целиот тим! 👏🇲🇰

Зоран Шоров сребрен на Меѓународниот турнир во Букурешт!🥈🇷🇴Зоран Шоров со одличен успех на Меѓународниот турнир во Букур...
19/04/2026

Зоран Шоров сребрен на Меѓународниот турнир во Букурешт!🥈🇷🇴

Зоран Шоров со одличен успех на Меѓународниот турнир
во Букурешт, Романија!🥈🇷🇴

🥈Зоран Шоров
🥉Суфијан Синани
🥉Бојана Ковачова

Честитки до сите медалисти и учесници!👏

Две бронзи, шанса за златен медал ! Успех во Романија!Одличен почеток за нашите натпреварувачи на меѓународниот турнир в...
18/04/2026

Две бронзи, шанса за златен медал ! Успех во Романија!

Одличен почеток за нашите натпреварувачи на меѓународниот турнир во Букурешт, Романија, кој се одржува под покровителство на Светската федерација. 🇲🇰

Денес остваривме значаен успех со освоени две бронзени медали, додека еден наш претставник обезбеди пласман во финале:
🥉 Бојана Ковачова;
🥉 Суфијан Синани;
🥇-🥈Зоран Шоров 🔜

Им честитаме на сите натпреварувачи и тренери за одличните настапи, а утре продолжуваме со поддршка и нов успех! 💪

Address

Ulica 1732, Br. 4
Скопје

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Боречка Федерација на Северна Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Боречка Федерација на Северна Македонија:

Shortcuts

Share

Category