27/04/2026
Уште еден преубав и успешно завршен тркачки викенд за нашите членови🤗
👉Миомир Алексовски, Дарко Ничевски и Предраг Василевски во саботата учествуваа на United Runners трката на 5 километри. Мио повторно се пласираше прв во машка категорија⚡️
👉Вчерашниот ден, пак, супер интересен со настап на повеќе локации:
🔹Александра Тасевска - Стојановска, Владимир Стојановски и Владимир Планојевиќ успешно го истрчаа маратонот во преубавиот Мадрид. Браво наши маратонци! 🙌
🔹Екипата што учествуваше на Superior Runs во Штип си обезбеди нови бодови во рамки на Македонската Тркачка Лига. Честитки и браво за Зорица Ајдинска, Марина Стојмирова, Марија Мандарова, Фани Хорват, Сања Василева, Драган Митревски, Тони Цветковски, Оливер Стојаноски, Небојша Антиќ и Ненад Василев 👌 Честитки и до Младен Митковски кој трчаше за матичниот факултет, а големо браво и за нашата Жане Ивановска која го разубави настанот во улога на водителка 💫
🔹На националното првенство во дуатлон “Меморијал Ѓоко Кузмановски“ во Скопје, Миомир Алексовски го освои првото место и воедно освои второ место во мастер категорија кај мажите, додека Драган Јованов имаше супер дебитантски настап во оваа дисциплина 🏃🚴♂️
Секоја чест за учесниците и организаторите👏👏 и благодарност до сите кои беа поддршка и бодреа 🌺
Ваш Корранерс💙🤍❤️