07/06/2026
Секој проблем што доаѓа, истовремено доаѓа и одговорот. Само треба да го препознаеме.
Мудриот човек веднаш одлучува.
Паметниот размислува и се менува.
Простиот ништо не прифаќа.
Кога дозволуваме гневот да ни ја отруе душата тогаш ни го помрачува умот.
Знаеме кој сака да се разгневуваме и окривуваме, тоа е лукавиот.
Лукавиот прво се обидува да не скара со блиските, потоа и со другите.
Ние сме тие што одбираме дали ќе го послушаме лукавиот или ќе го слушаме своето срце, ќе гледаме со свои очи и ќе слушаме со свои уши.
Кога луѓето не ги разбираат твоите зборови, затвори ја устата пред народот и отворија пред Бога.
Луѓето знаат да превртуваат зборови и дела, само Бог е оној што не слуша, вистински не разбира и не заштитува од секое зло.