24/09/2018
Како што кажува и самиот назив единствена задача на оваа страна ќе биде давање совети при обложувањето на тениски мечеви. Ќе се работат исклучиво тениски мечеви од АТП и WTA календарот (искрено мислам дека ќе се посвети повеќе внимание на машкиот дел од турнирите но не би ги исклучиле и дамите) челенџерите и фјучерсите највероватно нема или многу малку ќе ги работиме.
За разлика од многу други страни кои се занимаваат со овој вид на работа, Tenis Tournaments Tips* ќе биде поразлична и се надевам многу успешна. Искрено се надевам и верувам дека ќе ни помогне како мене така и на секој нејзин член во потрагата по поголем приход, кој во ова време ретко на кого не му е потребен. * (За да не помислите овој незнае правилно да пишува не пак да типува 😂 Фејсбук не дозволи страната да биде создадена под името Tennis Tournaments Tips)
Зошто оваа страна ќе биде поразлична од останатите? Оние кои што се обложуваат знаат дека постојат голем број на страни кои даваат совети за обложување, постојат разни видови на блогери, па страни кои нудат наместени купени натпревари (попознати како прелази од 1во2 и обратно) како и страни кои даваат совети односно типуваат секаков вид на спорт (фудбал, тенис, кошарка,итн) како и натпревари од повеќе првенства/лиги. Истите едноставно се преставуваат пред своите членови како експерти за секој спорт и секое првенство/лига што да бидеме реални не е возможно. Некои од нив кажуваат дека наводно купуваат мечеви од други страни па ги препродаваат на своите членови за симболични суми бидејќи наводно многу се грижеле за нив. 😂 Ако убаво ги изанализирате типовите што ги нудат повеќето страни/блогери (има и исклучоци) ќе видите дека уплаќаат едноставно мали квоти без некоја посебна анализа или некое предзнаење за тој натпревар. Пример: не е потребно да сте експерт за фудбал за да прогнозираш победа на Барселона или Баерн Минхен или ПСЖ, едноставно тоа е општо познато и за тоа не треба на некој блогер да му се плати.
Сметам дека овој вид на обложување е погрешен, и затоа решив да ја создадам оваа страница која ќе понуди поразличен вид на обложување од овој кој досега е понуден.
Во оваа страна ќе се користат посебни и уникатни правила на обложување. Tenis Tournaments Tips ќе се занимава со турнирско обложување, односно на секој тикет (без разлика дали ќе бидат повеќе парови, трипл, дубл или сингл) ќе се уплаќаат натпревари од ист тениски турнир. Значи почнува тениски турнир и ние на нашата страна даваме совети поврани само со тој турнир и одиме до крај до самото негово завршување. Наша цел е на крај од турнирот е да направиме профит, (добиените средства да бидат повеќе од оние кои сме ги уплатиле ). Во текот на целиот турнир ќе имаме податок кои ќе ни ја покажува моменталната состојба (добивката или загубата).
Која е поентата на овој вид обложување? На сите ни е познато дека тенисот е индивидуален спорт и како таков за мене е многу интересен за играчите напорен и многу профитабилен (се надеваме и за сите нас), а за оние кои не го следат многу или воопшто не го следат досаден и најчесто не сватен сериозно (меѓутоа тоа е нивни проблем 😀 ). Поради тоа што е индивидуален спорт игрчите се препуштени сами на себе и победата во натпреварите исклучиво зависи само од нив. Квотите во обложувалниците најчесто се прават по ранкигот на играчите и моменталната форма односно какви им се резултатите во последните неколку меча. Оние кои не го пратат добро тенисот и играат по квотата односно на пониската квота што ја даваат обложувалниците и кога се случува да го промашат тој нтпревар знаат да кажат тенисот е наместен, не се фаќа на тенис, неможе да паднам на оваа мала квота итн. (Кога го пишував овој текст се играше дуелот од Лавер купот помеѓу Џокович и Андерсон. Бидејќи се работи егзибиционен турнир Џокович иако фаворит со квота 1.3 го загуби мечот, додека на вимболдон во финалниот меч лесно го победи Андерсон со 3-0 во сетови. Примери од овој вид има многу меѓутоа го издвоив овој како најнов)
Сметам и верувам дека секој турнир си има посебна важност за секој од играчите меѓутоа не секој играч исто им пристапуваат на сите турнири. Пример некој од играчите не е во форма оди на турнир само да се одржи во натпреварувачки ритам и да ја врати формата, некој е изморен од предходни турнири, некој брани бодови, на некој му требаат нови бодови, некој е пред домашна публика, некој игра на земја подобро, некој тврда подлога некој трева, некој во сала некој на отворено. Исто така потребно е и кога ќе почне турнирот да се следат натпреварите во живо да се види, процени говорот на телото на играчите, расположението, мотивираноста, кондицијата итн. Значи потребно е да се познаваат и да се измерат многу параметри а и да се потроши многу од своето време за да би имале успех во типувањето на тениските натпревари.
Кога би се изанализирале сите овие работи шансите за добивка би се зголемиле.
Во обложувањето постојат и правила на уплаќање односно треба да се знае кога и на кои мечеви колку да се уплати односно колкав влог да се вложи. Тикетите којшто се 100% сигурни не постојат и секој кој што мисли така најдобро е за него што побрзо да го промени своето мислење, добро би било за неговиот капитал 😂. Обложувањето едноставно може да го споредиме со тргувањето на берза. Инвестициските советници ги советуваат своите клиенти да ивнвестираат во нешто или да не инвестираат врз основа на релевантни податоци поврзани со дадената инвестиција. Исто така и во обложувањето ќе се инвестира само во мечеви кои се добро анализирани и прилично сигурни.
Оние што пратат тенис знаат дека турнирите најчесто се играат недела дена (од Понеделник до Недела) освен грен слем турнирите кои се играат две недели. Исто така сигурно ви е познато и дека во една недела најчесто има повеќе од еден турнир освен кога се играат турнирите од серијата мастерс како и грен слем турнирите.
Оваа страница со прогнозирање е планирано да започне од мастерсот Шангај во Кина од 07.10.2018 година и во иднина ќе анализира од меч до меч и соодветниот тип пред почетокот на натпреварите ќе го споделува на своите членови.
Повеќегодишното искуство (10+ години) и интензивното следење на тенисот сметам дека допринесоа да стекнам доволно искуство и знаење од овој спорт за да ја создадам оваа страница. Целта како што спомнав погоре е профит од секој тениски турнир, не велам дека секој тикет ќе биде добитен и не е реално на тоа да се надеваме (доколку е така воопшто и не треба да почнуваме со работа) но со добри анализи, како и со паметно менаџирање на уплатите верувам во успех.
СО СРЕЌА НЕКА НИ Е НА СИТЕ 😀😀😀