Haywards Heath FC Fan Club Macedonia

Haywards Heath FC Fan Club Macedonia Unofficial Fan Group from Macedonia that supports Haywards Heath FC. DM for credits/removal of the photos

Хајлајтс (6. коло): Хејвардс Хит Таун 2-1 Ашфорд Јунајтед
19/09/2021

Хајлајтс (6. коло): Хејвардс Хит Таун 2-1 Ашфорд Јунајтед

Хејвардс Хит Таун 2-1 Ашфорд Јунајтед Во шестото коло од југоисточната дивизија на Истмијан Лиг (англиска осма лига), Хе...
19/09/2021

Хејвардс Хит Таун 2-1 Ашфорд Јунајтед

Во шестото коло од југоисточната дивизија на Истмијан Лиг (англиска осма лига), Хејвардс Хит Таун славеше со 2-1 над Ашфорд Јунајтед.

Домаќините стекнаа предност од 2-0 со головите на Џордан Кларк (4') и на дебитантот Лук Робинсон (68') и се обидоа мирно да го завршат натпреварот.

Сепак, само четири минути подоцна, на 2-1 намали Тарик Осаи (72'), а возбудата во финишот се зголеми, откако домаќините останаа со играч помалку.

Имено, поради тоа што се обидуваше да одземе време, стрелецот на првиот гол, Кларк, доби жолт картон и веднаш се затрча кон својот шеснаесетник што резултираше со нова јавна опомена (82').

Станува збор за еден од најкомично добиените црвени картони во последно време, кое за среќа на Хејвардс Хит Таун, немаше последици по резултатот.

Со новите три бодови, Хејвардс остана на врвот на табелата, додека Ашфорд Јунајтед го држи петтото место.

📸 edboydenphotos.co.uk

Хајлајтс (3. коло): Хејвардс Хит Таун 2-1 Бурџес Хил Таун
02/09/2021

Хајлајтс (3. коло): Хејвардс Хит Таун 2-1 Бурџес Хил Таун

Хејвардс го задржа стопроцентниот учинок После три кола, Хејвардс Хит Таун е осамен на врвот на табелата на југоисточнат...
02/09/2021

Хејвардс го задржа стопроцентниот учинок

После три кола, Хејвардс Хит Таун е осамен на врвот на табелата на југоисточната дивизија на Истмијан Лиг со максимален учинок.

Во третиот дуел, ,,Сините" славеа со 2-1 против Бурџес Хил Таун со пресврт во второто полувреме.

Најпрво, за гостите погоди Треј Масикини (25'), а за домашниот состав стрелаа Џордан Кларк (54') и Џерсон Дос Сантош (61').

Наредниот меч на Хејвардс ќе биде одигран на домашен терен против Хоршам ФК, во рамките на првата квалификациска рунда од ФА Купот.

📸 Kyle Helmsley Photography

Хејвардс Хит Таун го објави распоредот на сите претсезонски натпревари:10 јули: Хејвардс Хит Таун - Алтон 13 јули: Хејва...
30/06/2021

Хејвардс Хит Таун го објави распоредот на сите претсезонски натпревари:

10 јули: Хејвардс Хит Таун - Алтон
13 јули: Хејвардс Хит Таун - Хоршам
17 јули: Кроубороу - Хејвардс Хит Таун
20 јули: Хасокс - Хејвардс Хит Таун
24 јули: Хејвардс Хит Таун - Чипстед
27 јули: Хејвардс Хит Таун - Истбурнет

📸 haywardsheathtownfc.co.uk

Во соработка со нашите пријатели ЈАВИ СЕ ЈУЖНА, ви ја претставуваме историјата на Хејвардс Хит Таун ФК.
10/02/2021

Во соработка со нашите пријатели ЈАВИ СЕ ЈУЖНА, ви ја претставуваме историјата на Хејвардс Хит Таун ФК.

www.javisejuzna.mk е веб портал кој ја презентира македонската сцена и публика.

Далич Хамлет Во 1893, е основан еден од највозбудливите нисколигаши – Далич Хамлет. Како основач на клубот се смета Лоре...
21/11/2020

Далич Хамлет

Во 1893, е основан еден од највозбудливите нисколигаши – Далич Хамлет. Како основач на клубот се смета Лорен ,,Па“ Вилсон, а локацијата е јужен Лондон. Далич Хамлет учествувал во формирањето на Далич Лиг во 1899, којашто ја освоил во 1899/00 и во 1900/01. Далич е рекорден шеснаесеткратен освојувач на аматерскиот Сари Сениор Куп, а во четири наврати го освоил и ФА Аматер Куп (1919/20, 1931/32, 1933/34 и 1936/37).

Конкорд Ренџерс ФК Конкорд Ренџерс ФК е фудбалски клуб базиран во градот Кенви Ајленд, во областа Есекс, во југоисточна ...
21/11/2020

Конкорд Ренџерс ФК

Конкорд Ренџерс ФК е фудбалски клуб базиран во градот Кенви Ајленд, во областа Есекс, во југоисточна Англија.
Истиот е формиран во 1967 од страна на Алберт Лент, кој ги соединил играчите, меѓу кои и неговиот син Стив, што играле пријателски натпревари во близина на плажата Конкорд.
Токму оваа плажа е инспирација за името на актуелниот шестолигаш, кој е единствен англиски клуб именуван според плажа.
Низ историјата, Конкорд има неколку регионални трофеи, а пласманот од осмата до шестата лига го оствари преку плејоф (2009/10 и 2012/13).
Популарните ,,Бич Бојс" ги играат своите домашни мечеви на ,,Тејмс Роуд", кој има капацитет од 3300 гледачи.

Тонбриџ ЕнџелсВо гратчето Тонбриџ, во областа Кент, во октомври 1947 е формиран истоимениот фудбалски клуб.Веќе после са...
15/11/2020

Тонбриџ Енџелс

Во гратчето Тонбриџ, во областа Кент, во октомври 1947 е формиран истоимениот фудбалски клуб.
Веќе после само една сезона, клубот почнал да се натпреварува во Саутерн Фудбал Лиг, играјќи ги домашните натпревари на ,,Енџел Граунд". На овој стадион, претходно играл крикет клубот на Кент, а го добил името по еден хотел во непосредна близина.
Поради стадионот, прекарот на Тонбриџ ФК бил ,,Ангели" што било додадено како суфикс на името.
Шестата лига е највисокиот ранг каде што ,,Ангелите" се имаат натпреварувано, но сепак, низ нивните редови поминале неколку познати играчи како Малколм Мекдоналд, Рон Саундерс и Рој Хоџсон.
Од 1980 наваму, Тонбриџ Енџелс играат на ,,Лонгмид Стадиум", кој има капацитет од три илјади гледачи.

📸 Tonbridge Angels FC

Дартфорд ФК Во 1888, од страна на претставници на работничката класа, е основан Дартфорд ФК во истоимениот град во облас...
01/11/2020

Дартфорд ФК

Во 1888, од страна на претставници на работничката класа, е основан Дартфорд ФК во истоимениот град во областа Кент.
Клубот, на почетокот, играл само пријателски натпревари, а потоа почнал да се натпреварува и во локалните купови. Во ФА Купот почнале да се натпреваруваат во 1895/96, а во 1935/36 и во 1936/37, стигнале до третата рунда на најстарото натпреварување при што станале првиот тим надвор од ЕФЛ, кој двапати во низа стигнал до оваа фаза.

Хангерфорд Таун ФК. Во 1886, во гратчето Хангерфорд, во областа Беркшир бил основан фудбалскиот клуб Хангерфорд Таун ФК....
25/10/2020

Хангерфорд Таун ФК.

Во 1886, во гратчето Хангерфорд, во областа Беркшир бил основан фудбалскиот клуб Хангерфорд Таун ФК.
Моментално, овој спортски колектив ги живее своите најславни денови, играјќи во шестата лига за првпат во својата историја.
Освен ова достигнување, популарните ,,Крстоносци" играле во првата рунда на ФА Купот во 1979/80, каде што загубиле со 3-1 од Слаф Таун и запишале уште три полуфиналиња во ФА Вејс Куп во седумдесетите и во осумдесетите години на минатиот век.
Во витрините на Хангерфорд можат да се најдат уште деветнаесет трофеи од аматерските и локалните натпреварувања.

Бреинтри Таун ФК.На 24 септември 1898, работниците од фабриката за железо „Критал Виндоу Компани“ решиле да создадат фуд...
15/10/2020

Бреинтри Таун ФК.

На 24 септември 1898, работниците од фабриката за железо „Критал Виндоу Компани“ решиле да создадат фудбалски клуб по име Манор Воркс. Токму поради нивната професија, овој клуб уште оттогаш го има прекарот „Железари“. Сепак, моментално, Манор Воркс е познат под името Бреинтри Таун ФК – име присвоено во 1982 после неколку претходни поинакви називи. Бреинтри, својата историја, ја поминува во пониските англиски лиги, а најпрестижната титула му е освојувањето на шестата лига во сезоната 2010/11.

Address

Hanbury Park Stadium/Allen Road
Haywards Heath

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Haywards Heath FC Fan Club Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Haywards Heath FC Fan Club Macedonia:

Share

Category