Villarreal Masters Academy

Villarreal Masters Academy Villarreal Masters Academy е официјална партнер академија на Villarreal Club de Fútbol.

Со генерација 2018 бевме дел од првото издание на меморијалниот турнир „Васе Рингов“, во организација на Младинската ака...
04/09/2026

Со генерација 2018 бевме дел од првото издание на меморијалниот турнир „Васе Рингов“, во организација на Младинската академија на Вардар.

Горди сме на енергијата, насмевките и желбата за игра што ја покажаа нашите млади фудбалери во текот на целиот турнир.

👏 Благодарност до организаторите за поканата и одличната организација, како и до сите екипи кои придонесоа за прекрасната спортска атмосфера.

Нашите фудбалери од денес повторно се враќаат во училишните клупи.Претпладне посветени на учењето, попладне посветени на...
01/09/2026

Нашите фудбалери од денес повторно се враќаат во училишните клупи.

Претпладне посветени на учењето, попладне посветени на играта што ја сакаат.

Нека љубопитноста, трудот и желбата за напредок ве водат и во училницата, исто како што ве водат и на теренот.

Дисциплината, посветеноста, другарството и фер‑играта што секојдневно ја покажувате на тренинзите и натпреварите да бидат ваши вредности и во училиштето.

Среќно во новата учебна година! 💛📚⚽

📚

Неколку моменти од настапот на генерација 2013 на Еуромилк Куп 2026.Турнирите секогаш носат нови предизвици, искуства и ...
27/08/2026

Неколку моменти од настапот на генерација 2013 на Еуромилк Куп 2026.

Турнирите секогаш носат нови предизвици, искуства и можности за напредок, а овие кадри се потсетник на уште еден убав фудбалски момент зад нас.

А веќе со нетрпение ги очекуваме следните предизвици!

🔥 Овој викенд: ⚽ Генерациите 2016 и 2017 настапуваат на турнирот во Лепенец.
⚽ Генерациите 2015, 2016 и 2017 во септември ќе бидат дел од турнирот во Илинден.

Уживајте во играта, учете и создавајте нови фудбалски спомени! 💛⚽🏆

Повеќе од тренинг. Подобри движења. Подобри перформанси.Во текот на овој викенд сите наши генерации имаа можност да учес...
23/08/2026

Повеќе од тренинг. Подобри движења. Подобри перформанси.

Во текот на овој викенд сите наши генерации имаа можност да учествуваат на специјализирани часови за развој на моторички способности и подобрување на спортските перформанси, прилагодени на возраста и потребите на децата.

Најмалите генерации работеа на координација, рамнотежа и основни двигателни вештини во DIVE Kids Club , додека поголемите генерации реализираа тренинзи за подобрување на спортските перформанси во Youth Athletic Performance Center .

Во нашата програма, развојот на младите фудбалери не се гради само преку работа со топка, туку и преку создавање цврста основа за движење, атлетски развој и правилни навики уште од најрана возраст.

Некои години се создадени за првите чекори.Други се создадени за да ги направиш поголеми.Генерација 2012 е во период ког...
17/08/2026

Некои години се создадени за првите чекори.
Други се создадени за да ги направиш поголеми.

Генерација 2012 е во период кога фудбалот станува повеќе од игра, повеќе од тренинг, повеќе од хоби.

Ако бараш средина во која ќе напредуваш, ќе се натпреваруваш и ќе растеш заедно со тимот, дојди на пробен тренинг: www.villarrealmasters.mk

Генерацијата 2012 е отворена за нови членови.💛⚽

Од оваа сезона сe приклучуваме на Детската лига на ФФМ! 🔥⚽Нов предизвик.Нови натпревари.Нови можности за развој.Пред нас...
11/08/2026

Од оваа сезона сe приклучуваме на Детската лига на ФФМ! 🔥⚽

Нов предизвик.
Нови натпревари.
Нови можности за развој.

Пред нас е уште една сезона исполнета со тренинзи, натпревари, нови предизвици и многу фудбалски моменти. Со нетрпение го очекуваме почетокот на лигата и можноста нашите деца да продолжат да растат низ играта што ја сакаат.

Зад секоја сигурна одбрана стојат часови работа, концентрација и храброст да се донесе вистинската одлука во вистинскиот...
05/08/2026

Зад секоја сигурна одбрана стојат часови работа, концентрација и храброст да се донесе вистинската одлука во вистинскиот момент.

Кај нас, младите голмани тренираат по специјализирана програма и индивидуален пристап, создадена да ги развива сите аспекти на нивната игра – од првата одбрана до самодовербата што ја бара една од најодговорните позиции на теренот.

🥅 За оние кои сакаат да го чуваат голот.
⚽ За оние кои сакаат да бидат лидери на теренот.

Повеќе од голмански тренинг: https://villarrealmasters.mk/golmanska-akademija/

Дали моето дете е премало да започне?Дали е важно искуството? Не.Секој фудбалски сон започнува со првиот допир со топкат...
28/07/2026

Дали моето дете е премало да започне?
Дали е важно искуството? Не.

Секој фудбалски сон започнува со првиот допир со топката.

✨ Започни ја приказната со нас. Дојди на пробен тренинг: www.villarrealmasters.mk

Генерациите 2015 и 2016 неуморно тренираат и во текот на летото, градејќи навики, тимски дух и форма за предизвиците што...
20/07/2026

Генерациите 2015 и 2016 неуморно тренираат и во текот на летото, градејќи навики, тимски дух и форма за предизвиците што ги носи новата сезона.

Додека многумина се одмараат, ние работиме. Летото е создадено за спомени. Ние додаваме и малку фудбал. 😉⚽

Голманите гледаат на фудбалот малку поинаку. Тие се последната линија на одбраната, но и првите што веруваат дека секоја...
16/07/2026

Голманите гледаат на фудбалот малку поинаку. Тие се последната линија на одбраната, но и првите што веруваат дека секоја топка може да се одбрани.

Во новото издание на „Јас и фудбалот“, Димитри Тодев од генерација 2015 ни открива како започнала неговата љубов кон голманската позиција, кој го инспирира, што најмногу сака во академијата и кoj е неговиот најголем фудбалски сон.

🥅 Од првата одбрана до големите соништа, прочитајте ја неговата приказна: www.villarrealmasters.mk

Dirección

Vila-real
1000

Notificaciones

Sé el primero en enterarse y déjanos enviarle un correo electrónico cuando Villarreal Masters Academy publique noticias y promociones. Su dirección de correo electrónico no se utilizará para ningún otro fin, y puede darse de baja en cualquier momento.

Atajos

Compartir

Categoría