FC Bayern München
Целосно име на клубот: FC Bayern München (Баерн Минхен)
Претседател на клубот: Ули Хенес г
Извршен директор (Chair Man): Карл - Хајнц Румениге
Спортски Директор: Хасан Салихамиџиќ
Сегашен тренер на Баерн Минхен: Карло Анчелоти
Прекар на навивачите и на клубот: БАВАРЦИ
Стадион: Алианц Арена, капацитет 75.000
Титулу во Бундес Лига: 26
Титули во купот на Германија (DFB - Pokal):
18
Титули во Супер купот на Германија: 6
Титули во Лигата на Шампионите (ЛШ): 5
Титули во Лига Европа: 1
Титули во УЕФА Супер Куп: 1
УЕФА куп на победници: 1
Титули во Светско клубско првенство (FIFA Club World Cup): 1
Историја на Баерн Минхен
Фудбалскиот клуб „Баерн“ е оформен на 27 февруари 1900 од Гимнастичкиот клуб во Минхен. Првите неколку сезони, тимот ги играл во регионалните баварски лиги. Првиот поголем успех го остварил во 1926 во Јужното германско првенство, достигнување кое го повториле и две години подоцна. Во 1932, клубот ја освоил првата шампионска титула во германското првенство. Со доаѓањето на Хитлер на власт, развивањето на клубот замрело, „Баерн“ бил преименуван во „Јевовиот клуб“, а тренерите ја напуштиле земјата. Подоцна, кога „Баерн“ станал дел од Јужната германска лига (Oberliga Süd), клубот стангирал и во 1955 испаднал од таа лига. Сепак, веќе во следната сезона, „Бајерн“ успеал да се врати и го освоил германскиот куп победувајќи во финалето против „Фортуна“ од Диселдорф со 1-0. Во 1963, поделените германски лиги се соединиле во „Бундес-лигата“. Баерн станал член на „Бундеслигата“ две години подоцна, кога во тимот играле младите таленти: Франц Бекенбауер, Герд Милер, Сeп Маер и др. Во првата сезона во „Бундеслигата“, „Баерн“ завршил на третото место и го освоил германскиот куп. На тој начин, „Баерн“ се стекнал со право да учествува во Европскиот куп на куповите, кој го освоиле истата година, победувајќи го „ФК Глазгов Ренџерс“ со 1-0. Бранко Зебец бил првиот тренер со кој „Баерн“ освоил двојна титула, употребувајќи само 13 играчи во текот на сезоната. Во 1970, во клубот дошол нов тренер, Удо Латек, со кого „Баерн“ го освоил германскиот куп, како и третата национална титула. Решавачкиот натпревар во сезоната 1970-1971, одигран против „Шалке“, бил првиот натпревар одигран на Олимпискиот стадион во Минхен и првиот натпревар од Бундеслигата пренесуван на телевизија. Тогаш, „Баерн“ победил со 5-1 и ја освоил титулата, а во таа сезона ги соборил рекордите за освоени најмногу поени и постигнати најмногу голови. Следен голем успех бил освојувањето на Лигата на шампионите во 1974 година, кога во финалето „Баерн“ го победил „Атлетико Мадрид“ со 4-0. Следната година, „Баерн“ ја одбранил титулата во Лигата на шампионите, победувајќи го „Лидс јунајтед“ во финалето. Во 1976 година, во Глазгов, „Баерн“ уште еднаш ја освоил Лигата на шампионите и таа станал третиот тим кој успеал трипати по ред да ја освои Лигата на шампионите. Истата година, „Баерн“ го освоил и Интернационалниот куп на ФИФА, победувајќи го бразилскиот шампион „Крузерио“ од Бело Хоризонте. Во 1980-тите следувале промени во тимот и финансиски проблеми, но сепак, „Баерн“ успеал да ја освои Бундеслигата во 1980 и во 1981. Потоа, следувале две сезони без никаков трофеј, по што Удо Латек дал отказ. „Баерн“ го освоил купот во 1984, по што следувала серија од пет шампионски титули во период од шест сезони, вклучувајќи и една дупла титула во 1986. Но, клубот немал врвни резултати во Европа, каде стигнал само до второто место во 1982 и 1987.
Формата на „Баерн“ паднала драстично по освојувањето на титулата во 1990, така што за само пет поени, клубот се спасил од испаѓање во сезоната 1991/1992. Успесите на клубот се вратиле кога Франц Бекенбауер бил поставен за тренер во втората половина од сезоната 1993/1994, освојувајќи ја титулата по пазуа од три години. Притоа, поради славните играчи кои играле во „Баерн“ во овој период, клубот го добил прекарот „ФК Холивуд“ (FC Hollywood). Подоцна, Бекенбауер уште еднаш се вратил како тренер на „Баерн“, кој под негово водство го освоил Купот на УЕФА во 1996, победувајќи го „Бордо“ во финалето. Од 1998 до 2004, тренер на „Бајерн“ бил Отмар Хицфелд, кој станал најдобриот тренер во историјата на „Баерн“. Во неговата прва сезона, „Баерн“ ја освоил Бундеслигата, но во финалето на Лигата на шампионите загубил од „Манчестер јунајтед“ со 2-1, а двата гола ги примил во продолжението. Во сезоната 1999-2000 „Баерн“ ја освоил третата дупла титула во Германија. Во 2001 ја освоил и третата по ред шампионска титула. Неколку дена подоцна, „Баерн“ ја освоил и Лигата на шампионите, победувајќи ја „Валенсија“ на пенали. Во 2002, клубот не освоил трофеј во Германија, но по втор пат го освоил Интернационалниот куп на ФИФА. Во 2003, „Бајерн“ ја освоил и четвртата дупла титула. Следната година, Хицфелд се повлекол од тренерската позиција поради слабите резултати на клубот.
Во 2005-2006, „Баерн“ се преселил на новиот стадион „Алијанц Арената“. Тренер на „Баерн“ во овој период бил Феликс Магат, со кого клубот освоил две двојни титули, но немал поголеми успси во европските натпреварувања. Во јануари 2007, Магат бил отпуштен и пак бил вратен Хицфелд. Во сезоната 2006/2007, во Баерн имало многу промени и клубот не освоил ништо. Во сезоната 2008-2009, „Баерн“ ја освоил Бундеслигата, по што следувале сезони без германска титула и два изгубени финални натпревари во Лигата на шампиони. Најпрвин, тренерот Луј ван Гал го донесол „Бајерн“ до финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2009-2010, каде изгубил од „Интер“ од Милано, со 0-2. По овој неуспех, ван Гал го напуштил кормилото на „Баерн“, а на неговото место дошол Јуп Хејнкес. Под водство на Хејнкенс, во сезоната 2011-2012, „Бајерн“ стигнал до финалето во Лигата на шампионите. Иако натпреварот се одиграл на „Алијанц арената“, „Баерн“ изгубил на пенали од „Челси“. Сепак, во сезоната 2012-2013, „Баерн“ ја освоил двојната круна во Германија (шампиони и освојувачи на купот), а со победата над „ФК Борусија Дортмунд“ на „Вембли“, клубот постанал по повеќе од една деценија ја освоил Лигата на шампионите.
И сезоната 2013-2014, под водство на новиот тренер Пеп Гвардиола, „Баерн“ ја започнал во одличен стил. Така, на 27 ноември 2013, во петтото коло од групата „Д“ на Лигата на шампионите, на гостувањето во Москва, Баерн ја победил ЦСКА Москва со 3:1 и со тоа влегол во историјата како првиот клуб кој во Лигата на шампионите забележал десет победи по ред. Сепак, наспроти добриот почеток, „Баерн“ бил запрен во полуфиналето на Лигата на шампионите од „Реал Мадрид“, кој таа година станал европски првак.