13/06/2026
https://www.facebook.com/share/p/1BXE1T7Na6/
🇲🇰 ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДДРШКА
ДА ЈА ИСПРАТИМЕ МАКЕДОНИЈА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ПИКEЛБОЛ 2026
Да и помогнеме на македонската пикeлбол репрезентација да ја претставува Македонија на Светското првенство во Пикелбол 2026 во Виетнам!
Со голема чест и гордост, македонскиот национален пиклбол тим доби официјална покана за учество на Светското првенство во Пиклбол 2026, кое ќе се одржи во Да Нанг, Виетнам, од 30 август до 6 септември 2026 година.
Оваа покана е резултат на нашата досегашна посветеност, работа, докажани резултати и активна промоција на пиклболот како во Македонија така и на меѓународна сцена .
Денес имаме можност нашата држава да биде дел од светската спортска сцена и да се натпреварува рамо до рамо со најдобрите репрезентации од целиот свет.
Но, за да го оствариме ова, потребна ни е вашата помош.
Во моментов, македонскиот национален пикелбол тим нема обезбеден буџет и нема официјални спонзори.
Затоа упатуваме јавен повик до:
✅ Компании
✅ Институции
✅ Општествено одговорни организации
✅ Спортски поддржувачи
✅ Граѓани и пријатели на спортот
да се вклучат со донација и поддршка за нашето учество на Светското првенство.
Средствата ќе бидат наменети за:
• Пријавување и котизација за Светското првенство
• Подготовки на националниот тим со селекциите на Словенија и Германија.
• Спортска опрема
• Патни трошоци
• Сместување и престој во Виетнам
ВАЖНО
Рокот за уплата на пријавата е 1 јули 2026 година, поради што поддршката е потребна што е можно поскоро.
Секоја донација е добредојдена, без разлика на износот.
Заедно можеме да овозможиме Македонија да биде присутна на Светското првенство во Пиклбол 2026!
Поддржете го македонскиот национален тим.
🇲🇰 Да ја претставиме Македонија достоинствено на светската сцена!
Контакт за донации и спонзорства:
070377910
[email protected]
Уплата на сметка број :
300000005338043
Назив на сметка:
ПИКЕЛБОЛ АСОЦИАЦИЈА на С. Македонија,
Комерцијална банка Скопје