12/09/2017
Успешен настап на нашите учесници на 31от Охридски маратон. Во овој маратон земаа учество околу150 такмичари од кој 120 во машка конкуренција и 27 во женска конкуренција.
Тале Илијевски и Срѓан Милошевски одлично
ја завршија трката при што ги направија своите лични рекорди, подобрувајќи ги за цели 4-5мин. Срѓан Милошевски го освои единаесето место односно седмо во македонска конкуренција додека Тале Илијевски заврши на дванаесето место односно осмо во македонска конкуренција. Ангелина Панова го освои осмото место односно четврто во македонска конкуренција.
Големо изненадување беше што на стартот се појави Зоран Димов и успешно ја заврши трката.
Резултати:
-Срѓан 2:05:48
-Тале 2:07:14
-Ангелина 2:47:53
-Зоран 3:35:05