15/05/2026
🎬Куп на Македонија за сениори🏆
🇲🇰За жал годинашниот куп на Македонија за сениори ќе остане обележан по незапаметен преседан со менување на пропозициите и бришење на атлетски дисциплини на само три дена пред неговото одржување, без никаква официјална одлука од натпреварувачка комисија и управниот одбор на АФСМ, како и без измена/ревизија на официјалните атлетски пропозиции, документ кој претставува носечки столб според кој се одржуваат атлетските натпревари, важечки од 2021 година и сеуште достапен на веб страната на АФСМ: https://wmk1-ci.xsoftstatic1.com/Write/07638/Files/7.-Предлог-Пропозиции-за-Атлетски-натпревари-2022-2026,-29.09.2021.pdf
🔵За нашиот клуб никогаш не биле приоритет освојување на поени, напротив секогаш се залагаме за ферплеј, тимски дух, објективност и постигнување на врвни резултати, поради тоа сите наши атлетичари ќе го дадат својот максимум за дресот на Делта🔥🔥🔥
🟡Ќе имате можност да навивате за нашите главни ѕвезди, Огнен Стефановски и Михаил Петров кои веќе остварија критериуми за настап на Европското првенство за мали земји и за Балканското првенство, но секако и за останатите атлетичари во подем, кои несомнено ќе се заложат максимално за остварување на лични резултати.