27/08/2025
Почитувани сограѓани, соработници и гости,
По успешно завршената прва сезона на CITY Pool & Bar Виница (поранешниот Градски базен), со особена чест и задоволство Ви се обраќаме за да Ве запознаеме со нашиот шестмесечен труд, кој резултираше со создавање на едно вистинско катче на рајот во нашата општина — место за релаксација, дружење и забава за сите генерации!
Градскиот базен на Општина Виница, изграден пред 30 години, годинава доби нов изглед и ново име — CITY Pool & Bar, под ново раководство. Со комплетна реконструкција и нов концепт, го вративме овој простор на граѓаните со свежа енергија, квалитетна услуга и модерна атмосфера.
Нашата посветена работа беше препознаена и од пошироката македонска јавност. За само 73 работни дена, имавме чест да угостиме илјадници посетители, што е најголемата потврда дека сме на вистинскиот пат!
Од срце Ви благодариме на сите Вас кои бевте дел од нашите денови и ноќи, моменти на опуштање, музика и забава.
Ќе продолжиме со уште поголем ентузијазам и следната година – со уште повеќе содржини, изненадувања и подобрувања!
Во прилог објавуваме фотографии „пред и потоа“, како доказ за сработеното.
Останете во добро здравје и радувајте се на животот – секој ден!
Со почит,
Вашиот CITY Pool & Bar – Виница ❤️