19/04/2026
Со особена чест и гордост споделуваме извонредна вест - Едриличарска Федерација на Македонија, претставувана од Претседателот Stefan Stavrev Divono и Генералниот Секретар Slavco Mososki на Редовното годишно собрание на Европската Едриличарска Федерација одржано овој викенд во Малта е избрана за домаќин на 30-то јубилејно Годишно Собрание на EUROSAF во 2027 година! 🇲🇰
Ова признание е потврда за посветената работа, растот и потенцијалот на македонското едрење, како и значаен чекор кон зголемување на институционалната поддршка и подигнување на едрењето на ниво на национален приоритет. Нашата цел е преку вакви меѓународни соработки да го поттикнеме интересот на државните и локалните власти за заедничко градење на Охридското Езеро како регионален центар за едрење.