02/06/2026
🏴☠️ ПРВА ЛИГА, ДОАЃАМЕ! ⚽️🔥
Од -7 бода зад првото место на полусезона, до остварување на сонот! Кога многумина не веруваа, ние верувавме. Кога не отпишаа, ние работевме уште повеќе. Секој тренинг, секој натпревар, секоја жртва не доведе до овој момент.
ФК Скопје со победа од 1:0 над ФК Брера во бараж натпреварот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола го обезбеди своето место во ПРВАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА! 💙🤍
Сезона полна со предизвици, борба до самиот крај и делба на првото место, а потоа потешкиот пат преку бараж. Но оваа екипа покажа карактер, срце и победнички менталитет.
Оваа победа не е само наша. Таа им припаѓа на сите наши 'ПРИЈАТЕЛИ' кои во текот на целата сезона беа покрај клубот и несебично нè поддржуваа на секој можен начин.
Голема благодарност до нашата навивачка група ПИРАТИ 🏴☠️, кои беа нашиот дванаесетти играч во текот на целата сезона.
Благодарност до целиот стручен штаб, предводен од Александар Таневски, за посветеноста, професионалноста и вербата во тимот. Нивната работа, знаење и пожртвуваност беа темелот врз кој се изгради овој историски успех.
Посебна благодарност до Општина Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски за континуираната поддршка и вербата во овој проект.
Ова е победа за сите што веруваа. За сите што сонуваа. За сите што ФК Скопје им е во срцето 💙.
ФК СКОПЈЕ Е ПРВОЛИГАШ! 🔥💙🤍
#ФКСкопје #ПрваЛига #ЗаСкопје #Пирати #ГазиБаба НикогашНеСеОткажувај