Фудбалот во светски рамки зазема се поголема популарност како кај возрасните така и кај децата. Фудбалот е тимска игра, која освен спортските компоненти кај децата ги развива чувствата за групна припадност, еднаквост, стекнување на доверба и лојалност.
Нашата школа во изминативе години се стекна со високо реноме во регионот и пошироко. Со тек на тренинзите, упорноста на тренерите и децата, бројот
на членовите постојано се зголемува, со што се јави потреба за проширување на школата и ребрендирање.
Проширувањето го направивме во општина Кисела Вода и се ребрендиравме во Фудбалска Школа Кул - Здравје од страна на тренерот Рацо Цветановски.
Локацијата на Фудбалска Школа Кул – Здравје е на ул. Сава Ковачевиќ бр.76 во дворот на О.У. Круме Кепевски во Кисела Вода.
Текот и начинот на работа останува ист, тренинг за децата има секој ден во зависност од генерациите.Се организираат тековни натпревари со други фудбалски школи. Во тек е и детската лига COOL, која веќе три години успешно се реализира секоја недела во која учествуваат фудбалски школи од територијата на Скопје.
Тренинзите ќе ги одржуваат тренерите Рацо Цветановски, Александар Цветковски, Љупчо Методиевски.
Оваа година беше организиран Летен камп во Неи Пори, Грција и во Охрид за децата од нашата школа каде имаа редовни тренинзи, натпревари, обуки и дружење со децата од други фудбалски школи.