16/06/2026
Со голем спортски дух, фер-плеј и одлична атмосфера, во Прилеп успешно се одржаа регионалните спортски натпревари каде што своите сили ги одмерија победниците од неколку градови од регионот, борејќи се за престижниот пласман на претстојното државно натпреварување. 🏆🇲🇰
Младите спортисти покажаа извонреден талент и посветеност во голем број дисциплини, опфаќајќи ги фудбалот, ракометот, кошарката 3х3, шахот, пинг-понгот, одбојката, одбојката на песок, тенисот и традиционалната народна игра. ⚽🏀🏃🏐 ♟️🏓🎾
Прилеп уште еднаш докажа дека е одличен домаќин и вистински поддржувач на младинскиот спорт, а организацискиот тим им честита на сите учесници за покажаниот труд и извонредната спортска култура. ❤️
Наскоро ќе бидат официјално објавени и победниците кои изборија пласман во следната фаза, па затоа останете со нас и подгответе се да ги поздравиме најдобрите!
Министерство за спорт / Ministry of sports
Plazma (zvanična stranica)
Plazma Sportske igre mladih
Sparkasse Leasing Macedonia
Sparkasse Bank AD Skopje
Пивара Скопје / Pivara Skopje
Coca-Cola