31/05/2026
🏆Фудбалски Клуб Парк со најмногу освоени медали од завршниот турнир на Детската Лига на ФФМ, уште еден показател за успешната сезона на нашиот клуб во ова натпреварување.⚽️
Генерација 2013 - 3.место 🥉
Генерација 2014 - 2.место🥈
Генерација 2015 - 1.место🥇
Генерација 2016 - 3.место🥉
👏Најдобра сезона од нашето постоење, со вкупно четири медали од државното првенство.
🙏На крајот сакаме да упатиме честитки за освоените медали на сите наши екипи, до нивните тренери, како и до родителите, но и до сите оние најблиски кои им даваа поддршка изминативе денови.
Како клуб мораме да бидеме горди на успехот на овие млади фудбалери, кои докажуваат дека ФК Парк, но и македонскиот фудбал има иднина.👍
Погледнете ја завршната церемонија од доделување на медалите и трофеиите за нашите екипи📸