21/08/2026
🏆 БИЛЈАРД КУП НА МАКЕДОНИЈА 🇲🇰
По паузата, повторно се враќаме на билјард масата.
На 12 и 13 септември, во Гран Клуб – Скопје, нè очекува Билјард Купот на Македонија – засебен и престижен натпревар кој ќе биде одлична најава за продолжението на втората полусезона.
Пред повторно да продолжат борбите во првенството, најдобрите македонски билјард играчи ќе имаат можност да се соочат во уште еден голем натпревар, каде што секоја партија носи неизвесност, притисок и желба за победа. 💪🔥
Кој ќе ја покаже најдобрата форма и ќе го освои трофејот на Купот?
📅 12–13.09.2026
📍 Гран Клуб, Скопје
🏆 Билјард Куп на Македонија
Купот е тука. А потоа – продолжуваме со втората полусезона! 🔥
#БилјардКуп #БилјардКупНаМакедонија #БФСМ #ГранКлуб