Македонска Џиу - Џица Федерација

Македонска Џиу - Џица Федерација Founder and president of the federation is Acevski Alexander who is also coach the club for Ju Jitsu "Dan-Ku" - Skopje, master of 3 DAN and real aikido 2 DAN.

Македонската Џиу-Џица Федерација е национална федерација признаена од страна на Агенцијата за млади и спорт на 04.02.2010 година.
Член на Светската и Европската џиу џица Федерација (JJIF / JJEU).
10 клубови, 16 лиценцирани тренери, 12 судии. Во моментов федерацијата работи со четири клубови, а во наредниот период преку интензивни семинари со мајстори од странство се очекува да се прошири насекаде

низ републиката. Основоположник и претседател на федерацијата е Александар Ацевски кој воедно е тренер во клубот за Џиу-Џица „Дан-Кју“ – Скопје, мајстор по Џиу-Џица 3 ДАН и реален аикидо 2 ДАН.
________________________________

The federation currently works with four clubs and in the next period through intensive seminars with masters from abroad is expected to be spread over the republic.

Повторно голем успех на нашите борци на турнирот што вчера се одржа во Јахорина. Од 16 настапи освоени се вкупно 11 меда...
07/06/2026

Повторно голем успех на нашите борци на турнирот што вчера се одржа во Јахорина. Од 16 настапи освоени се вкупно 11 медали од кои 7 златни и 5 сребрени и тоа:
• Дамјан Белевски ЗЛАТО, СРЕБРО борби и ПЕХАР за најдобар млад борец на турнирот
• Ана Ацевска ЗЛАТО борби
• Антонио Трајковски ЗЛАТО борби и ЗЛАТО БЈЈ
• Данил Николиски ЗЛАТО јуниори и ЗЛАТО сениори борби
• Катерина Ацевска СРЕБРО борби
• Марко Панчевски СРЕБРО БЈЈ
• Нина Карева СРЕБРО борби
• Марија Треневска ЗЛАТО борби и ЗЛАТО БЈЈ
• Јован Николиски 4то место
• Никола Коцев 4то место
• Матеј Нофитов 4то место
• Антонио Стојчески 5то место

Искрени честитки за сите борци за покажаната храброст и борбеност.
Воедно ова беше и последен турнир за оваа полусезона. Во текот на овие 2 месеца не очекуваат два тренинг кампа и потоа повторно започнуваме со учество на други турнири. На сите учесници им посакуваме среќен пат за назад.

Денес борците од нашата федерација пристигнаа во Јахорина, Општина Пале, каде што утре ќе учествуваат на Меѓународен тур...
05/06/2026

Денес борците од нашата федерација пристигнаа во Јахорина, Општина Пале, каде што утре ќе учествуваат на Меѓународен турнир на кој што учество зимаат 570 борци од 7 Држави.

Боите на Македонија ќе ги бранат:

Катерина Ацевска СЕН +70 борби
Марко Панчевски СЕН +94 неваза
Антонио Стојчески У21 -69 борби
Данил Николски У21 -56 борби
Марија Треневска У18 +70 борби и неваза
Јован Николиски У16 -48 борби
Нина Карева И16 -52 борби
Матеј Нофитов У14 +69 борби
Никола Коцев У14 -40 борби
Антонио Трајковски У12 -44 борби и неваз
Ана Ацевска У10 +40 и У12 -44 борби
Дамјан Белевски У8 -22 и У8 -25 борби

Тренери
Александар Ацевски
Христијан Јованов

Тех.помош и поддршка
Томо Белевски

На сите борци им посакуваме успешен настап и многу успех, се надеваме дека утре ќе не израдуваат со освојување на повеќе медали.

Почитувана спортска јавност. Со голема радост и гордост објавуваме дека нашиот борец Катерина Ацевска од денес го превзе...
29/05/2026

Почитувана спортска јавност.

Со голема радост и гордост објавуваме дека нашиот борец Катерина Ацевска од денес го превзема тронот во категоријата СЕНИОРИ +70 килограми и е
ПРВА ВО СВЕТОТ.

Позади нас останаа 70 борци во таа категорија од 30 различни Држави.
(sportdata.org)

Македонија е на врвот !!!!!
Катерина е на врвот !!!!!

Овој резултат доаѓа после 15 годишна напорна работа и посветеност, многу вложување и многу откажување.
Многу пролеана пот и крв, многу поминати тренинг кампови, многу повреди, преживеани судиски неправди, непреспиени ноќи, финансиски кризи.
Една цела младост…

Овој резултат доаѓа после многу поминати турнири, после многу освоени медали.
Учества и освојување на медали на Светски првенства, учества и освојување на медали на Европски првенства, ГрандПри турнири, Балкански првенства…

Незастануваме тука, ќе се обидеме што подолго да го задржиме првото место.
Ова за нас ќе биде голем мотив но и обврска уште појако да го одиме овој пат наречен џиу џица.
Тоа е нашата мисија, тоа е нашиот живот.

Федерацијата изразува голема благодарност до сите тренери што работат со Катерина и од земјава и од странство, до сите нејзини асистенти и спаринг партнери, благодарност до Министерството за спорт за финансиската помош што ја дава за Катерина и за клубот каде што тренира Катерина, за отворените врати и разбирањето од вработените.

ЗА КОГО?
ЗА МАКЕДОНИЈА 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Уште еден одличен настап на нашите џиу џицу борци во Брчко. • Ана Ацевска У10 +40 ЗЛАТО, додека во поголемата категорија...
25/05/2026

Уште еден одличен настап на нашите џиу џицу борци во Брчко.

• Ана Ацевска У10 +40 ЗЛАТО, додека во поголемата категорија У12 -44 БРОНЗА како и со признание за НАЈДОБАР ЖЕНСКИ БОРЕЦ У12 на целиот турнир
• Павел Темелковски во неговата категорија У8 -32 СРЕБРО додека во поголемата категорија У8 -36 БРОНЗА
• Антонио Трајковски во својата категорија У12 -44 освои ЗЛАТО
• Марија Треневска во својата категорија го освои ЗЛАТО додека во бјј освои СРЕБРО
• Марко Панчевски во својата категорија освои СРЕБРО
• Клубот “Дан-Кју” го доби пехарот за најоддалечен клуб.

Овие меѓународни турнири на нашите борци понатаму им ги отвараат вратите за влез на Европска и Светска сцена. Федерацијата им честита за постигнатиот успех, уште еднаш беше докажана нивната подготвеност, техничка, тактичка и физичка спремност и желба за победа.
Ви посакуваме среќен пат за назад во Македонија !

Денес во Брчко, Босна и Херцеговина, се одржува Меѓународен натпревар каде што настапува нашата екипа од клубот “ДАН-КЈУ...
24/05/2026

Денес во Брчко, Босна и Херцеговина, се одржува Меѓународен натпревар каде што настапува нашата екипа од клубот “ДАН-КЈУ” од Скопје како претставник од Македонија.
Екипата ја сочинуваат:
Павел Темелковски У8 -32кг и 36кг борби
Ана Ацевска У-10 +40кг и У12 -44кг борби
Антонио Трајковски У12 -44кг борби и бјј
Марија Треневска У18 +70кг борби и бјј
Марко Панчевски Сен +94кг борби и бјј
Тренер Александар Ацевски.

На сите борци им посакуваме успешни борби, без повреди и со медали да се вратат дома. Со среќа 🙏🏻

На турнирот има 400 борци од 5 Држави.

Од денес до недела, во Бургас, Р. Бугарија, дел од нашата репрезентација ќе учествува на тренинг камп кој ќе го водат Ро...
15/05/2026

Од денес до недела, во Бургас, Р. Бугарија, дел од нашата репрезентација ќе учествува на тренинг камп кој ќе го водат Роман Аполонов од Германија , петкратен Светски шампион и четирикратен Европски шампион во категоријата сениори -77кг, како и Словенецот Бени Лах, еднаш Светски и еднаш Европски шампион во категоријата сениори -94кг.
Во 6 тренинга ќе се одработуваат техники и тактики за борби, специјалност на инструкторите.
Покрај овие двајца инструктори ќе бидат и уште двајца реномирани тренери од Бугарија.
Нашата екипа ќе брои 7 членови, јуниори и сениори. Во фокус е Светското првенство за кадети и јуниори во август месец во Абу Даби, Балканското првенство за сите категории во септември месец во Бања Лука како и Светското првенство за сениори во Рим во октомври месец. Иако се далеку, овие тренинг кампови со вакви инструктори се секогаш значајни. Секако следуваат и тренинг камповите во Лептокарија, Р. Грција и Сараево, Босна и Херцеговина.

Македонско потекло, шведски дрес и борбено срце: Интервју со Оливија Пановски-девојката која чекори кон светскиот врв11 ...
13/05/2026

Македонско потекло, шведски дрес и борбено срце: Интервју со Оливија Пановски-девојката која чекори кон светскиот врв

11 Мај, 2026

Оливија Пановски е млада спортистка со македонско потекло, родена и израсната во Шведска, која уште од најрана возраст го пронашла својот свет во спортот. Прво започнала со гимнастика на само три години, а на седумгодишна возраст првпат се запознала со џиу-џицу – спорт што подоцна целосно ќе ѝ го промени животниот ритам. По првите натпревари во Шведска и Данска, каде што редовно освојувала прво или второ место, Оливија сфатила дека татамито е местото каде што најсилно се чувствува своја.

Денес, таа е горд шведски првак, титула која ја освои викендов , а зад неа стојат бронза од Светското првенство во 2024 година, петто место на Европското првенство во 2025 година и сребрен медал од Европското првенство на Крит – успех што има уште поголема тежина бидејќи доаѓа по тешка повреда и долг процес на рехабилитација. Но, Оливија не зборува само за медали. Таа зборува за дисциплина, жртва, страв, враќање по пад и за тоа колку е важно девојките да веруваат во својата сила.

Во интервјуто за Женски Магазин, Оливија открива како започнало нејзиното патување со џиу-џицу, што ѝ значи македонското потекло, како ја доживеала повредата, но и кои се нејзините следни цели – шведско злато и настап на Светското првенство во Абу Даби.

ЖМ: Оливија Пановски кажи ни нешто повеќе за тебе и како започна твоето патување со џиу-џицу?

- Веќе од 3-годишна возраст почнав на гимнастика а се запознав со џиуџитсуто на 7 години кога наши семејни пријатели ме поканија на еден тренинг. По кратко време почнав да се натпреварувам во Шведска и во Данска и секогаш освојував прво или второ место и ми беше многу забавно на натпреварите. 6 години ги тренирав двата спортови. Потоа добив нов тренер кој го виде мојот потенцијал и веруваше во мене. Тогаш решив целосно да се посветам на џиуџитсу и престанав со гимнастика. Почнав со многу напорни тренинзи одејки од два пати неделно до 4-5 дена неделно и 2024 год ме поканија како член во јуниорската репрезентација.

ЖМ: Родена си и се натпреваруваш за Шведска, но имаш македонско потекло – колку тоа значи за твојата спортска кариера?

- Тоа ми значи многу. Потеклото е дел од мене и секогаш сум сакала да ја доживеам македонската култура преку нашите традиции. И духовно и во смерот на спортот. Имам можност да ги одберам токму тие делови од двете култури (Шведска и Македонија) кои ги сакам и по тоа да се поставам и покажам. Кога последен пат бев во Македонија искористив прилика да тренирам таму, и беше добро и интересно да се направи таа размена на знаење и начин на тренинг.

ЖМ: Освои бронза на СП 2024 – како го доживеа тој момент?

-Тој натпревар е едно од моите најубави сеќавања досега. Чувството кога сите на глас броеја од 10 секунди до крајот на мечот беше неверојатно. Чувството потоа беше уште подобро кога истрчав кај најблиските и пријателите, и сите заедно се смеевме и плачевме од радост.

ЖМ: На ЕП 2025 стигна до 5-то место – што научи од тоа искуство?

- Дека не треба да се откажувам. На моите први две европски првенаства (2024 и 2025) завршив петта по пораз во бронзеното финале но продолжив да се борам – на други натпревари но пред се на тренинзите. Тоа ме научи дека не е секогаш лесно и дека патот до успехот кај секого е различен.

ЖМ: Минатата година се соочи со повреда – колку беше тешко да се помине низ тој период?

- Беше многу тешко ментално и физички, и сè уште е, иако процесот на заздравување оди напред. Во тој период мојот фокус беше да оздравам за да можам да се вратам на тренинзи и натпревари. Сепак се трудам да бидам внимателна и да го слушам телото и понекогаш постои страв повторно да се повредам но тоа не смее да ме запре.

ЖМ: Што најмногу ти помогна за време на рехабилитацијата – и физички и психички?

-Ми помогна тоа што имав јасна цел и што тренингот го правев да ми биде забавен. Исто така беше важно да се потсетам зошто паузирав и зошто ја правев цела рехабилитација. Ментално ми помогна дружењето со пријателите и разговорите за повредата, бидејќи ми беше полесно кога ја споделував мојата грижа.

ЖМ: По само 6 месеци се врати и освои второ место на Flanders Open во Белгија – дали тоа беше твојот „комбек“ момент?

-На Flanders Open отидов повторно да го почувствувам татамито и да се потсетам и навикнам на чувствата пред борбата. Секако сакав медал, но најбитно ми беше да се тестирам и да видам колку добро можам да настапам без многу тренинг пред тоа. Би рекла дека мојот вистински „камбек“ момент беше на Европското првенство.

ЖМ: Предходниот месец освои сребро на ЕП на Крит – дали ова е твојот најголем успех досега?

- Тешко е споредување на медалите бидејќи условите на секој натпревар се различни, како и мечевите. Секако, среброто е дефинитивно еден од моите најголеми успеси и еден од оние со кои сум најзадоволна и горда, бидејќи патот до таму беше многу тежок, особено поради повредата. Ме радува дека сè што правев до самото постигнување вредеше, секоја капка пот и секоја пролеана солза.

ЖМ: Колку дисциплина и жртва бара овој спорт, особено на млада возраст?

- Секако бара многу време, дисциплина и жртвување. Човек се учи како да ги приоритизира важните работи и дека не може да се има сè што сакаш, кога ти сакаш. Потребно е да го правиш тоа што мораш, да тренираш и кога си уморен или немаш мотивација. Иако те боли телото и понекогаш душата. Понекогаш е уште потешко затоа што е индивидуален спорт и сè зависи од тебе, а исто така понекогаш не можеш да се посетиш со пријателите. Но, вреди – особено после натпреварите и пласманите кога конечно можеш да се дружиш со нив.

ЖМ: Што би им порачала на девојките кои се двоумат да почнат со боречки вештини?

- Би рекла дека боречките вештини носат многу позитивни работи. Се учи почит, дисциплина, се тренира и се забавуваш, а исто така стекнуваш пријатели за цел живот. Освен тоа, стануваш многу посигурна во себе бидејќи можеш да се одбраниш и се чувствуваш силно.

ЖМ: Кои се твоите следни цели – дали наскоро ќе те видиме на врвот на Европа или светот?

- Моите следни цели се прво место и златен медал на Шведското првенство во мај месец, и потоа се надевам дека ке бидам избрана за Светското првенство во Абу-Даби во август и да освојам медал таму!

ЖМ: Дали некогаш би сакала да се натпреваруваш за или да бидеш повеќе поврзана со Македонија преку спортот?

- На натпреварите се среќавам со македонската репрезентација и секогаш разменуваме по некој збор, по некоја мисла. Би сакала да постои соработка помеѓу државите и тимовите, да би можеле заедно да тренираме и разменуваме знаење

Одличен успех на нашите спортисти на Меѓународниот турнир во Србија. Многу борби, многу медали и многу искуство за борци...
10/05/2026

Одличен успех на нашите спортисти на Меѓународниот турнир во Србија.
Многу борби, многу медали и многу искуство за борците кој што уште еднаш покажаа карактер, желба и решителност, борци што покажаа физичка и психичка подготвеност и спремност да искочат на борилиштата и да дадат се од себе а со цел достојно претставување на Државата и на федерацијата.
7 златни, 5 сребрени и 4 бронзени медали за 7мо место во генералниот пласман од 27 екипи.

Медалите ги освоија:

Марија Треневска - злато борби сребро бјј
Ана Ацевска - злато и сребро борби
Зоран Колевски - злато бјј сребро борби
Дамјан Белевски - злато и сребро борби
Тони Трајковски - злато борби бронза бјј
Стефан Гериќ - сребро бјј
Јован Николиски - злато борби
Матеј Нофитов - злато борби
Данил Николиски - сребро борби
Јован Шишков - бронза борби
Останатите борци и покрај одличните борби неуспеаа да се закитат со медала но секако стекнаа големо искуство за во иднина.
@
Џиу џицата е спорт каде што е потребно познавање на повеќе боречки вештини но и храброст да се искочи на татамите.

Федерацијата им честита на сите за големиот успех и посакува Среќен пат за назад.

На покана од Министерството за спорт, претставници од нашата Федерација предводени од Претседателот Катерина Бошковска, ...
08/05/2026

На покана од Министерството за спорт, претставници од нашата Федерација предводени од Претседателот Катерина Бошковска, денес присуствуваа на отварањето на спортските игри за млади кој собраа рекордни 27.000 млади спортисти од Европа.

Дел од Македонската репрезентација утре ќе учествува на Меѓународниот турнир во Србија “Лозница Опен 2026”.На турнирот у...
08/05/2026

Дел од Македонската репрезентација утре ќе учествува на Меѓународниот турнир во Србија “Лозница Опен 2026”.
На турнирот учество зимаат 10 Држави и 600 борци. Нашата репрезентација ја предводи Селекторот Александар Ацевски со помошник тренерот Данил Николиски, а како борци за овој турнир се одбрани:

- Катерина Ацевска- Борби SEN +70
- Антонио Трајковски- Борби U12 -40 & BJJ U12-40
- Марија Треневска- Борби U18 +70 & BJJ U18 +70
- Зоран Колевски- Борби U21 -69 & BJJ U21 -69
- Ана Ацевска- Борби U10 -40 & U10 +40
- Дамјан Белевски- Борби U8 -25 & U8 -22
- Стефан Ѓериќ- BJJ U18 -77
- Јован Николиски- Борби U16 -44
- Нина Карева - Борби U16 -52
- Јован Шишков - Борби U10 -32
- Матеј Нофитов - Борби U14 +69
- Данил Николиски - Борби SEN -56

Судија - Христијан Јованов
Тех.поддршка - Томо Белевски

На сите учесници им посакуваме најпрво Среќен пат а потоа и многу успех на турнирот. Борците да се вратат без повреди и со многу освоени медали.

Address

Skopje

Opening Hours

Monday 19:00 - 20:00
20:00 - 21:00
Wednesday 19:00 - 20:00
20:00 - 21:00
Friday 19:00 - 20:00
20:00 - 21:00

Telephone

+38975998834

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Македонска Џиу - Џица Федерација posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Македонска Џиу - Џица Федерација:

Shortcuts

Share