23/06/2026
Поминаа денови исполнети со подготовки, заедно ги живеевме трите дена од кампот исполнети со возбуда, енергија и спортска страст – сето тоа за да ги добиеме највредните резултати: насмеани детски лица, нови пријателства, совладани техники и три наши деца кои ќе добијат можност да бидат дел од The Best кампот на Реал Бетис во Севиља!
Горди сме на секое дете што даде максимум од себе, на секоја насмевка, секој напредок и секој момент поминат заедно на теренот со тренерите од Реал Бетис и нашите локални тренери.
Голема благодарност до сите кои на кој било начин беа дел од овој камп и помогнаа тој да стане незаборавно искуство. Посебна благодарност до родителите кои веруваат во своите деца, ги поддржуваат нивните соништа и заедно со нас ја градат нивната спортска и животна иднина.
На Калин Ангеловски, Даријан Галевски и Димитриј Димитријевски им посакуваме многу успех, нови искуства и незаборавни моменти на The Best кампот. Нека ова биде само почеток на нивниот пат кон уште поголеми достигнувања.
До следната средба и следниот камп – спортски поздрав од организаторите и домаќинот на 💚⚽