29/07/2026
Со длабока почит, преполни срца и искрена благодарност, Здружението „Тодорче 2026“ им доделува благодарници и Плакета за животно дело и спортско наследство на легендарните одбојкари од ОК „Нико Доага“ од Крушево, кои оваа година го слават својот златен јубилеј – 50 години постоење.
Ви благодариме што бевте повеќе од соиграчи – бевте браќа по спорт, сопатници на теренот и неизбришлив дел од спортскиот живот и срцето на нашиот Тодор Ѓоргиески – Тодорче.
Вашата трага на теренот не е само историја – таа е вечен патоказ за новите генерации, а вашата игра и оддаденост беа и остануваат вечна гордост на Крушево.
🤍 Пријателствата родени на теренот живеат засекогаш.