13/07/2026
Почитувани,
Успешно затвораме уште едно поглавје од нашиот турнир во општина Конче, со голема чест оваа традиција од година во година ја продолжуваме.
Ви благодариме на сите кои годинава бевте дел од нашиот турнир, благодарност до сите екипи, до сите играчи, до спонзорите, до верната публика што бевте со нас секоја вечер.
Од година во година се трудиме овој турнир да прерасне во нешто повеќе преку разни новитети и организациски подобрени. И годинава ја организиравме лотаријата и поделивме голем број на награди.
Благодарност и до Спортска Мрежа за медиумската поддршка и овозможувањето за пренос за полуфиналните натпревари, како и за мечот за трето место и големото финале.
Првото место го освои тимот на Црна Река, второто место екипата на Фреигхт Оне, трет беше составот на Перо и Тајфата, а пак четвртото место му припадна на тимот на Дивино.
За најдобар играч беше прогласен Тале Трајков, за најдобар голман Филип Гигов, а најдобар стрелец беше Никола Димов.
Живи и здрави да сме сите, се гледаме следната година, на истото место.
Спортски поздрав до сите!