07/06/2026
🏀 Баскет Дино на Европскиот минибаскет фестивал! 🏀
Скопје изминатите денови беше европски центар на минибаскетот, а завршницата на 11. Европска минибаскет конвенција беше одбележана со голем детски кошаркарски фестивал на терените покрај Кејот на реката Вардар.
Нашите најмлади членови од Баскет Дино со голема радост беа дел од ова прекрасно кошаркарско доживување, исполнето со игра, дружење, насмевки и нови пријателства. 💙🏀
Покрај учеството на фестивалот, нашиот тренер Денис Камилов се стекна со нови знаења и искуства преку учество на едукативниот семинар за тренери, посветен на работа и развој на деца на возраст од 5 до 12 години. Ваквите едукации се од големо значење за унапредување на тренерските вештини и обезбедување квалитетна работа со најмладите кошаркари.
Горди сме што нашите деца имаа можност да бидат дел од настан кој ги промовира вистинските спортски вредности и љубовта кон кошарката уште од најрана возраст, а нашите тренери континуирано работат на своја едукација и професионален развој.
Баскет Дино – каде што започнува љубовта кон кошарката! ⛹️♂️🔥