КК Шар Планина

КК Шар Планина 🏀 КК Шар Планина
Официјална страница на новиот кошаркарски проект од Гостивар.

СООПШТЕНИЕ:На ден 30.04.2026 на општинската седница беше изгласана поддршка за КК Шар Планина. Ова е големо признание за...
30/04/2026

СООПШТЕНИЕ:
На ден 30.04.2026 на општинската седница беше изгласана поддршка за КК Шар Планина. Ова е големо признание за целата работа на нашиот клуб. Нашата искрена иницијатива беше препознаена и поддржана од целиот град.
Изразуваме огромна благодарност до сите советници кои ја прифатија иницијативата да се поддржи овој проект.
Ова ни дава додатен елан и мотив да работиме попрофесионално во наредната сезона.
Со почит,
КК Шар Планина

Пораз во финалето по драматичен натпревар исполнет со многу емоции и навивање!Нашите момци се бореа до крај,но сепак сре...
19/04/2026

Пораз во финалето по драматичен натпревар исполнет со многу емоции и навивање!
Нашите момци се бореа до крај,но сепак среќата не беше на наша страна.
Изразуваме огромна благодарност до многубројните фанови кој допатуваа и не поддржија. Ретко кој клуб во државата може да се пофали со толкава подршка на гостински терен.
Од оваа сезона научивме многу. Продолжуваме понатаму бидејќи нашата приказна само што започна.
#ккшарпланина

Линк од преносот на денешниот ФИНАЛЕН натпревар, со почеток во 16:00 часот.
19/04/2026

Линк од преносот на денешниот ФИНАЛЕН натпревар, со почеток во 16:00 часот.

ГЕВГЕЛИЈА - ШАР ПЛАНИНА

ШАМПИОНОТ СЕ ОДЛУЧУВА УТРЕ‼️Дојдовме до последниот натпревар во дебитанската сезона. Бевме сведоци на доста интересни на...
18/04/2026

ШАМПИОНОТ СЕ ОДЛУЧУВА УТРЕ‼️
Дојдовме до последниот натпревар во дебитанската сезона. Бевме сведоци на доста интересни натпревари исполнети со огромна борба и емоции. Истрајноста на нашите играчи и вашата огромна поддршка не донесоа до овој момент.
Утре на гостински терен во 16:00 ќе се надеваме на крунисување на оваа прва и незаборавна сезона!
Линкот за да го проследите натпреварот ќе биде поставен на посебна објава!
#ккшарпланина

Голема победа на домашен терен!!!!Со ова ја израмнивме финалната серија на 1-1 и изборивме мајсторка за трофејот. Момцит...
15/04/2026

Голема победа на домашен терен!!!!

Со ова ја израмнивме финалната серија на 1-1 и изборивме мајсторка за трофејот. Момците покажаа карактер кога беше најпотребно и заслужено стигнаа до победата.

Голема благодарност до публиката.Поддршката од трибините беше на високо ниво и се почувствува во секој момент.

Следува одлучувачки натпревар овој викенд. 🤍💚

Денешниот натпревар ќе има и хуманитарен карактер !Да покажеме солидарност и дарежливост. #ЦрвенКрст
15/04/2026

Денешниот натпревар ќе има и хуманитарен карактер !
Да покажеме солидарност и дарежливост.
#ЦрвенКрст

ФИНАЛЕ,GAME 2 - На домашен терен!! 🚨🚨Утре (среда, 15 април) во 18:00 часот на домашен терен го играме вториот натпревар ...
14/04/2026

ФИНАЛЕ,GAME 2 - На домашен терен!! 🚨🚨

Утре (среда, 15 април) во 18:00 часот на домашен терен го играме вториот натпревар од финалната серија. 🏀

Ова се натпревари каде што разликата не ја прават само играчите на терен, туку и гласот од трибините. Вашата поддршка ни дава сила во клучните моменти и нè турка напред кога е најпотребно.

Покрај нашата публика, најавени се и гостински навивачи.Затоа ни треба полна сала и уште поголема енергија од трибините, секако со коректен однос и спортско навивање.

Сите во „Младост“. Заедно до победа! 💚🤍

🗓️15.4 (Среда)
⏰18:00
📍Спортска сала ,,Младост’’- Гостивар
🆚КК Гевгелија

🔴Пренос во живо на првиот натпревар од финалната серија која се игра на гостински терен денес,во 17:00 часот.
11/04/2026

🔴Пренос во живо на првиот натпревар од финалната серија која се игра на гостински терен денес,во 17:00 часот.

.Social links:----------------------------------------------------------------------------------------------------------Web site https://mkd.basketball/Insta...

Финалето започнува!!🏀Првиот натпревар од серијата го играме на гостински терен. Знаеме што нѐ очекува и колку е важен ов...
08/04/2026

Финалето започнува!!🏀

Првиот натпревар од серијата го играме на гостински терен. Знаеме што нѐ очекува и колку е важен овој старт.
Свесни сме што значи финале и подготвени сме да дадеме максимум од прва минута. Нѐ очекува тежок натпревар, но одиме со јасна цел.
Линк од преносот ќе биде објавен дополнително.
🗓️11.04(Сабота)
⏰17:00
📍Сала ,,26-ти Април" - Гевгелија
🆚КК Гевгелија

СО ОВАА ПОБЕДА ОБЕЗБЕДИВМЕ ТИКЕТ ЗА ФИНАЛЕ 🚨🚨  Тежок натпревар, голема борба и заслужен резултат. Момците оставија сè на...
04/04/2026

СО ОВАА ПОБЕДА ОБЕЗБЕДИВМЕ ТИКЕТ ЗА ФИНАЛЕ 🚨🚨
Тежок натпревар, голема борба и заслужен резултат. Момците оставија сè на терен и го направија следниот чекор.

Голема благодарност до нашата публика.Поддршката од трибините се чувствуваше во секој момент и беше важен дел од оваа победа.

Се гледаме наскоро во ФИНАЛЕ. 💚🤍

Address

Gostivar
1230

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when КК Шар Планина posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to КК Шар Планина:

Shortcuts

Share

Category