10/09/2025
🎉 Со големо задоволство и искрена почит ви го најавуваме финалето на деветнаесеттото издание на турнирот „Љубомир Рајчевски – Рајче“! 🎉
Љубомир Рајчевски – Рајче, вистинска вардарова легенда, кој живееше и растеше во село Глуво, почина на 52-годишна возраст. Од тој ден, од 2005 година, започнавме со овој турнир во негова чест, традиција која со гордост ја одржуваме и продолжуваме.
📅 На 13 септември ќе се собереме за да го одбележиме неговиот живот и љубовта кон фудбалот.
Во глуво, под светлата на теренот и со поддршката од верната публика, ќе одиграат најдобрите, обединети во спортскиот дух што Рајче го негуваше.
🕖 19:00 часот – натпреварот за 3-то место
🕗 20:00 часот – големото финале
🎶 21:30 часот – музички дел со настап на нашите гости-музичари
Овој турнир не е само спортски настан – тоа е жив спомен, обврска и гордост за заедницата што ја носи неговата чест.
Ве покануваме сите да бидете дел од оваа посебна вечер, посветена на човекот кој го живееше фудбалот со душа и срце.