01/07/2025
🟠🟢 𝔽𝕠𝕠𝕥𝕓𝕒𝕝𝕝 𝕊𝕦𝕞𝕞𝕖𝕣 𝕄𝕀ℕ𝕀 ℂ𝕌ℙ 🟠🟢
Завршено едно одлично издание на првиот ФУДБАЛСКИ ЛЕТЕН МИНИ КУП кој се одржа во Богданци! 🏆
Изминатиот викенд Богданци беше на мапата на фудбалски турнири кој се одржуваат низ цела држава, а со тоа постави и јасна цел дека овој мини турнир, догодина ќе порасне и во голем "ЕЛИТЕН/МЕЃУНАРОДЕН турнир каде што се очекува да ги помине сите граници на фудбалски турнири кои се наоѓаат на Балканот и да биде еден од најдобрите во нашата држава! 🤗
На турнирот учествуваа 11 фудбалски клубови и академии во различни категории, каде што имавме околу 330 деца од цела држава, со што ни приредија прекрасни натпревари, на кои имаше многу возбудувања, радосни лица и најважно запознавање и другарување помеѓу сите деца. 🙌
❗️Бидејќи не беше добро запознаено за родителите и публиката, нашиот турнир не беше во делот од голем натпреварувачки карактер, ЦЕЛТА НА ОВОЈ МИНИ КУП е сите деца да одиграат прекрасни натпревари и сите деца да си заминат од истиот турнир со среќни и насмеани лица, без разлика на резултатите на натпреварите сите екипи и дечиња си го добиваа тој медал и пехар за кој се бореа на теренот додека ги одигруваа натпреварите со своите клубови, со што покажаа дека сите дечиња се нашите ФУДБАЛСКИ ШАМПИОНИ на 𝔽𝕠𝕠𝕥𝕓𝕒𝕝𝕝 𝕊𝕦𝕞𝕞𝕖𝕣 𝕄𝕀ℕ𝕀 ℂ𝕌ℙ❗️
Нашиот турнир изразува огромна благодарност до ФК Брера/Пандев, ФК Дојранско Езеро, ФК Кожуф, ФК Дрим Тим, ФК Фортуна, ФК Албион, ФК Џокер, ФК Јанг Бојс, ФК Брегалница Делчево, ФК Осогово и ФК Вардарски за довербата да настапуваат на нашиот прв турнир, истотака упатуваме благодарност и до родителите и публиката кои покажаа пример како треба да изгледа една поддршка од трибините и мотивација за секое дете кое учествуваше на турнирот. 👏
Уште еднаш ВИ БЛАГОДАРИМЕ МАЛИ НАШИ ШАМПИОНИ, се гледаме на следното наше издание кое ќе биде поголемо и со огромни новитети. ❤️
Во прилози ќе следуваат фотографии и видеа од прекрасниот турнир кој се одржа изминатиов викенд. 📸
🏆 𝑭𝑶𝑶𝑻𝑩𝑨𝑳𝑳 𝑺𝑼𝑴𝑴𝑬𝑹 𝑴𝑰𝑵𝑰 𝑪𝑼𝑷✏️ 🏆