08/06/2026
РК Младост 1977 ја заврши оваа сезоната со пласман во Супер лигата.
Нашиот тим оваа сезона заврши со само еден пораз и еден нерешен резултат што не однесе еден бод зад РК Мулти Есенс и со што го изгубивме чекорот за шампионската титула и мораше преку баранж со Суперлигашот РК Струга да го бараме патот кон Супер лигата.
Целта е остварена, сите играчи заминаа на заслужен одмор. За десетина дена нашиот тим официјално ќе објави кој играчи заминуваат од нашиот тим, а кој остануваат за следната сезона како и новите засилувања.
Едно е сигурно РК Младост 1977 летово за цел ке има градење на респектабилен тим кој ќе има за задача обезбедување опстанок во Супер лигата и факање континуитет за враќање на старите патеки како еден стабилен суперлигаш.
Богданци и југоистокот се желни за врвен ракомет а тоа го покажа и сезонава кога речиси на сите натпревари салата Млаз беше преполна.
Ако се знае дека од септември во сала Млаз ќе дојдат големите РК Вардар, РК Еурофарм Пелистер, РК Охрид, РК Алкалоид тоа значи дека салата Млаз ќе биде претесна за сите гледачи. Почитувани фанови и подржувачи од следна сезона не очекуваат нови и поголеми возбудувања и предизвици.
Голема благодарност до нашите генерални спонзори, како и сите останати спонзори, подржувачи, фанови од целиот југоисток кои помагаа, и не подржуваа преку цела сезона на патот кон успехот кој е најголем успех на градот а и еден од најголемите успеси на југоистокот.
Едно е сигурно Богданци во од септември ке биде ракометниот центар на југоистокот во Македонија.